Италија стана најпогодената земја во светот – во последните 24 часа многу лош биланс

0

Италија е една најпогодените земји по бројот на заразени од вирусот, нови 49 пациенти поч инале во изминатите 24 часа, со што бројката се искачи на близу 200 лица.

Тамошните власти воведуваат вонредни мерки за справување со кризата. Дел од фудбалските натпревари во земјата се откажани, а некои пак ќе се одиграат без публика, во исто време, земјата ги затвора универзитетите и училиштата, а ја прекинува и работата на судовите до крајот на мај. Стравот од ширење на вирусот го откажа и уставниот референдум во Италија.

„Одлучивме исто така да го одложиме уставниот референдум кој беше закажан да се одржи на крајот од месецов, тој се наближува и потребно е да појасниме по оваа точка дека ја проценивме можноста да одложиме. Се уште нема нова дата кога би се одржал“,изјави Џузепе Конте – Премиер на Италија.

Единствената држава, која тврди дека бележи намалување на заболени е токму Кина од каде и потекна вирусот. Тамошните власти велат дека имаат 99 нови случаи на заразени со вирусот во последното деноноќие, што за нив е намалување во односи на претходните денови.

Кинеските медиуми објавија и фотографија од 101 годишен пациент, за кој тврдат дека го пребродил вирусот. Во меѓувреме, токму информациите од Кина наидоа на критики од Американските власти. Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги обвини кинеските власти дека не споделуваат доволно информации за вирусот со останатиот дел од светот.

-Информациите кои ги добивме на почетокот не беа совршени и не доведоа до место каде доцниме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме, тоа не е начинот на кој би требало да се работи, тоа не е начинот на кој Америка работи со транспарентноста, отвореноста и споделувањето на информации кои се потребни.

Се покажа навистина фрустрирачки да се соработува со Кинеската комунистичка партија за да ги добиеме податоците кои ни се потребни за изработка на вакцината и справување со ризикот,истакна Мајк Помпео – Државен секретар на САД .

Од коронавирусот, до сега во САД поч инаа 14 лица, додека близу 400 се заразени. Вирусот остави илјадници лица заробени и на крузерот „Гранд Принсес“ крај брегот на Сан Франциско, каде има дваесетина инфицирани лица.

Светската интерактивна мапа која што ја води реномираниот американски универзитет Џонс Хопкинс, покажува дека вирусот веќе допре до секој континент, а бројката се искачи на над 100 илјади заболени и 3.500 мр тви.

Претходна статијаМакедонка од дијаспората: Изгледа сите почнавте да учите и дејствувате како Заев
Следна статија(ФОТО) ТВ 24 на лице место сними како пристигаат миграни во Велес