Во ЗОО Битола најмногу недостасуваат вработени: За плата од 15.000 до 20.000 денари никој не седи

0

Битолската Зоолошка градина која е една од најстарите на Блаканот, годинава ќе одбележи јубилеј од седумдесет години. На површина од два хектара, опстојуваат 150 животни од педесет врсти.

При нашата посета, забележавме една слика на недореченост- од новоизградени кафези од пред неколку години, до започнати и недовршени патеки и уште неколку стари и прапотопни кафези. Одговорните во оваа установа, велат дека овие проблеми им се во првите приоритети.

Опозициските советници во локалната самоуправа чии иницијативи за овие проблеми главно се игнорирани, сметаат дека битолчани и нивните деца заслужуваат многу повеќе од она што сега го има- од животнискиот фонд, с`е до условите во кои се сместени животните.

Забелешки имаат и здруженијата за грижа кон животните. Покрај состојбите во ЗОО, од “Мали херои“ укажуваат и на недоследности и недоречености во заштитата на кучињата- скитници.

Иако последниве денови јавноста беше разбранувана со трансферот на еден павијан од Скопје во Битола и назат, сепак во битолската ЗОО проблемите лежат во нешто сосема друго. Од Министерството за култура годишно примаат само 10 милиони денари со блок дотации и водат крпен живот, барајќи донации за да направат одржлив систем.

Второ, ги има само 17 вработени со огромен дефицит на негуватели на животните и ветување, дека ќе добијат уште осум вработувања по изборите. Но, со тие плати од 15- 20. 000 денари, многу мина заминуваат и излегува дека вработените многу повеќе страдаат.

Мајмунчето Лука го вратија во Скопје по објавените вознемирувачки слики од состојбата во ЗОО Битола. Во консултација со експерти Лука почетно бил однесен во ЗОО Битола за да живее во заедница со други павиљони. Директорот Наловски тврди дека ЗОО Битола е во одлична состојба освен неколку кафези кои постојат од 1950. Мајмуните, мечката и други животни живеат во услови нималку налик на природните.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Алфа.

Претходна статијаПроговори и возачот на Боки 13: Откри низа интересни работи
Следна статијаВонбрачната ќерка на Аркан за првпат проговори емотивно за односот со Цеца