Од 1 март во Германија стапи на сила новиот Закон за доселување на квалификувана работна сила од земји надвор од Европската Унија со кој се олеснуваат условите за странски работници од трети земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Недостигот од речиси 1 милион работници Германија планира да го реши со новиот Закон за доселување на квалификувана работна сила од трети земји кој стапи на сила на 1 март. Законот ќе ја олесни миграцијата од трети земји, а на странските работници ќе им овозможи полесно и побрзо да најдат работа. Па, што е “ново“ со новиот Закон?
За почеток, процесот на издавање на визи за квалификувани работници кои се бараат на германскиот пазар на труд ќе трае најмногу 4 до 6 недели.
Законот за доселување на експерти кој се однесува на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ стапи на сила.
Денеска подетално, ќе се обидеме да ви објасниме какви се олеснувања носи токму тој Закон за имиграција во една од најмоќните економии во Европа.
Според новиот закон, како експерти веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, а нивните дипломи мора да бидат признаени во Германија.
Целта е признанието на дипломата да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи , а процесот на издавање виза за експерти би требало во иднина да трае најмногу четири до шест недели пренесува српски новости.
Законот, се однесува на било кој експерт од земјите надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одговарачки стручни квалификации.
Не се опфатени помошни работи за кои не е потребна стручна квалификација, но работници кои имаат основна професионална квалификација и договор за работа или понуда за работа во Германија мора да се доквалификуваат.
Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа, ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа.
После четиригодишниот престој, експерите може трајно да се населат во Германија, односно да се стекнат со правото на неограничен престој.
Секој кој сака да бара работа во Германија ќе добие виза на шест месеци, а предуслов е да имаат пари да ги покријат трошоците за живот во текот на тој период и да зборуваат германски на ниво Б2.
Новиот закон се однесува и на странците кои сакаат да студираат или стручно да се обучуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.
Оние кои две години по дипломирањето работат во Германија имаат право на постојан престој.
Посебниот пропис се однесува на експерти постари од 45 години, кои ако сакаат да дојдат во Германија мора да имаат плата од најмалку 3 685 евра бруто или доказ дека уплатувале за соодветна пензија.
Оние кои во Германија доаѓаат со семејството мора да приложат доказ за тоа дека може да го издржуваат како и дека имаат доволно голем стан , што подразбира околу 950 евра по лице и 10-12 квадратни метри по лице.
Сопружници и деца постари од 16 години мора да поседуваат основно знаење на германски јазик, ниво А1, а дојденците немаат право на социјална помош.
Иако новиот закон стапи на сила на 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината.
Според тоа закон, за доаѓање во Германија не била потребна диплома, ниту положен испит за знаење на јазикот, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници.