Австрија веќе најави – ќе ги затвори ли Европа своите граници по најавата на Ердоган

0

Околу 4.000 бегалци чекаат да влезат во Грција пред граничниот премин Кастанас. Овој премин се наоѓа кај реката Еврос. Мигрантите во Грција доаѓаат од Турција откако оваа земја реши да ја подигне рампата за стотиците илјади бегалци кои се наоаѓаат на нивна територија.

Лесно може да се случи за неколку денови овие беглаци да дојдат и пред македонската јужна граница доколку грчките власти ги пропуштат.

Во меѓувреме се заоструваат односите меѓу Грција и Турција, откако Грција стави вето на одлуката на НАТО за поддршка на Турција за состојбата во Сирија.

Хрватска се консултира со партнерите од ЕУ и НАТО за потенцијален нов бран мигранти, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Турција ги отвори границите кон Европа за мигрантите.

– Синоќа разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска патува во Турција. Секако, Грција и Бугарија во моментов се најмногу ангажирани да ги контролираат своите граници кон таа земја, рече Пленковиќ во Макарска, потврдувајќи дека кризата во сирискиот регион Идлиб создала нов потенцијален бегалски бран, јави Хина.

– Се консултираме со сите колеги во рамки на Европската унија и НАТ“, рече Пленковиќ, наведувајќи дека се потребни „политичко-дипломатските напори кон претседателот Ердоган за да се спречи посериозен миграциски бран кон Европа преку источномедитеранската и западнобалканската рута.

Според него, Хрватска досега вложила големи напори да ја контролира надворешната европска граница, „не само преку подготовките за шенген-зоната“, туку и со 6.500 полицајци и 271 милиони евра повлечени од европските фондови за „зајакнување на оперативноста, техничка опрема, термовизиски камери и сè она што сите полицајци мора да ги имаат “.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави можност за затворање на границите поради новиот прилив на мигранти од Турција, пренесува Ројтерс.

„Ние сме во постојан контакт со нашите партнери од ЕУ и долж балканската рута. Доколку заштитата на надворешните граници на Унијата не успее, тогаш Австрија ќе ги заштити своите граници“, рече Курц. Тој нагласи дека не смее да се повтори ситуацијата од 2015 година.

„Наша цел е правилно да се сочуваат границите на Унијата, да се запрат нелегалните мигранти и да не се пропуштаат“, рече Курц.

Грчката полиција денеска употреби солзавец за да ги потисне стотиците мигранти на границата со Турција.

Анкара претходно соопшти дека веќе нема да ги задржува стотиците илјади мигранти по нападите во Идлиб во кои загинаа 33 турски војници.

Курц изјави дека Австрија е спремна на испрати дополнителни полициски сили на границите на ЕУ, односно во Грција и во Бугарија.

Претходна статијаПристигнаа резултатите од тестираните за Корона – познато дали има нови случаи во Македонија
Следна статијаМето од Скопје: Верувавме дека во Нов Зеланд е прекрасно, но не до толку – ова е совршена земја