Епидемиологот Проф. Даниловски: Матичните лекари да станат од фотељите и да ги посетуваат граѓаните дома

0

Планетата земја се соочува со едно до најголемите искушенија од нејзиното постоење. Навидум обичниот вирус кој се појави пред неколку месеци, добива сериозни и загрижувачки размери.

Почна од Вухан, Кина каде ги затекна прилично непоготвени тамошните власти. Но тие брзо се организираа и ги превзедоа сите мерки за спречување на заразата, во и надвор од земјата.

Сепак, циркулацијата на луѓето и сообраќајот, придонесе многу брзо, вирусот да биде пренесен и во други земји, иако дел од државите го прекинаа авионскиот сообраќај со областите во Кина кои се блиску до жариштето. Но очигледно, сето ова било можеби предоцна.

Случаите кои се појавија изминатата недела во Италија ја вознемирија Европа. Затворени се во карантин неколку гратчиња во близина на Пјаченца, каде живеат и многу Македонци. Од таму се јавува дека продавниците се останати со празни полици, а маските за заштита се продаваат по 30 евра за парче.

Нашите здравствени власти информираат дека се превземени сите превентивни мерки за заштита. Сепак, во синоќешната дебата на Телма телевизија, можеше да се слушне дека патници кои пристигнале на скопскиот аеродром од Италија, не биле тестирани.

Во емисијата во која беше гостин и министерот за здравство, Венко Филипче, линковски беше поврзан матичниот лекар д-р Ненад Лазаров, кој беше посочен како позитивен пример за лекар кој секојдневно, преку социјалните мрежи ги известува пациентите и граѓаните за развојот на настаните, а во врска со новиот вирус.

Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, епидемиологот д-р Драган Даниловски, го посочио ЛАзаров како позитивен пример и апелираше до матичните лекари да се вклучат поактивно во примарната здравствена заштита, што впрочем е нивна должност и обврска како вработени во превентивата.

-Матичните лекари не треба да ги чекаат пациентите да дојдат во нивните ординации како болни, туку пред тоа да се случи, треба да станат и на секаков начин, било преку домашни посети, било преку социјалните мрежи, да ги едуцираат граѓаните како да се однесуваат за да се заштитат од евентуална зараза, потенцираше Даниловски.

Во продолжение, еве кратко објаснување што е Корона вирус и кои се мерките за превенција:

Клетката на вирусот е доста голема, околу 400-500 nm во дијаметар, па секоја нормална маска би требало да ве заштити. Меѓутоа, некој што е инфициран и кивне пред вас, гледајте да бидете на растојание од 3 метри најмалку.

Вирусот на метална површина може да преживее во рок од 12 часа. Па така, секогаш при допирање на кваки и други метални површини, мијте ги рацете со сапун.

Вурусот на ткаенина може да остане активен во период од 6-12 часа. Затоа, редовно перете ги алиштата, шаловите и капите, или на сончево време оставете ги зраците да го уништат вирусот.

СИМПТОМИ: Прво се инфицира грлото, тоа станува суво и воспалено во период 3-4 дена. Потоа вирусот се прикрива и навлегува во назалните течности и белите дробови, предизвикувајќи пневмонија. Овој процес трае 5-6 дена.

Со пневмонија, доаѓа висока температура и потешкотии во дишењето. Назалната конгестија е поинаква од нормално и имате чувство како да се давите во вода. Многу е важно веднаш да побарате лекарска помош.

Превенција: Одбегнувајте јавни собирања, поздравување со луѓе и допирање на јавни објекти. Редовно мијте ги рацете. Вирусот на рацете може да живее 5-10 минути, но, во текот на овој период, може да се случат многу работи како, допирање на носот, устата или очите.

Покрај честото миење на раце, може да правите и гаргара со бетадински раствор, за да ги елиминирате микроорганизмоте кои сe во вашето грло и да спречите нивна миграција во белите дробови.

Пијте многу течности и работете на зајакнување на имунитетот. Споделете со вашите пријатели.

Претходна статијаСе очекува покачување на цените на становите во две Скопски општини
Следна статијаВонреден прес во Владата на министерот за здравство Филипче: Потврден прв случај на Корона во Македонија