Нова непозната со Корона – еднаш излечени повторно се заразени

0

Лекарите во Кина регистрирале 195 случаи на повторно заразување со новиот корона вирус во Вухан, покажуваат податоците кои денеска беа презентирани од страна на Државната комисија за хигиена и здравство во Кина. Во документот не се посочува причината за повторно заболување од истиот вирус.

Сите пациенти, излекувани од коронавирус, ќе мора повторно да бидат ставени во двенеделен карантин откако е утврдено дека поголемиот дел од нив и натаму се ностители на вирусот, иако не е познато дали се тие заразни.

Зао Џианпинг, лекарот задолжен за оперативните тимови кои се борат против епидемијата во кинеската провинција Хубеи рече дека тестовите покажале дека мнозинството од оние кои го „прележале“ вирусот и натаму се инфицирани.

Џианпинг вели дека новото откритие е многу загрижувачко.

– Каде да ги сместиме таквите пациенти? Не можеме да ги испратиме во нивните домови, бидејќи можат да ги заразат семејствата, а не можеме ниту да ги оставиме во болниците, бидејќи немаме расположливи капацитети, појасни Џианпинг.

Ксианг Ниџуан, научник од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести вели дека сега треба да се воведе надзор и за оние кои биле во контакт со излекуваните пациенти, бидејќи е можно тие да се заразени.

Заразените пациенти во Кина можат да добијат отпусна листа само ако исполнат четири услови: телесната температура да им е во границата на нормалата во три последователни дена, да немаат респираторни проблеми, рендгенските снимки да покажат дека нема оштетувања на белите дробови и тестовите на нуклеински киселини да бидат негативни двапати по ред.

Во меѓувреме, кинеските власти соопштија дека периодот на инкубација би можел да биде и подолг од 14 дена, откако беше утврдено дека 70-годишен маж во провинцијата Хубеи бил заразен со вирусот, а симптоми покажал дури после 27 дена.

Периодот на подолга инкубација би можел значително да ги компликува напорите за сузбивање на епидемијата, од која досега починаа над две илјади лица.

Кинеските научници, врз основа на испитувања на брис од нос и грло кај 18 пациенти заразени со Ковид-19, утврдија дека тој вирус повеќе се однесува како вирус на грип, а помалку како останатите корона вируси. Тоа сугерира дека тој може полесно да се шири од што претходно се претпоставуваше, пренесува порталот Стандард.

Инаку европските и прекуокеанските држави засега го држат под контрола ширењето на вирусот на нивна територија.

Американските власти уште пред еден месец ги редуцираа летовите кон Кина, односно целосно ги укинаа кон подрачјата кои се блиску до регионот Вухан. Засега во Соединетите Американски држави, не се јавува за жртви од вирусот.

Најдр аматично е во Италија каде веќе има двајца починати и стотина заразени. Италијанската влада од вчера стави во карантин 10 места во северниот дел на земјата каде има околу 50 000 жители. Презедоа драстични мерки со затворање на училиштата, продавниците и јавните објекти во регионите Ломбардија и Венето.

Улиците во овие општини се празни а надлежните во Венеција го одложија и познатиот Венецијански карневал. Корона вирусот удри и врз фудбалот и веќе се откажани неколку натпревари на италијансите прволигаши. Премиерот Џузепе Конте најави ангажирање и на војската доколку се зголеми бројот на заразени.

Целта е да се заштити здравјето на италијанскиот народ. Полицијата ќе ја надгледува ситуацијата и полицајците ќе ги спречуваат луѓето да влегуваат и излегуваат од градовите кои се под изолација. Ако биде потребно, ќе реагира и италијанската војска, изјави Џузепе Конте, премиер на Италија.

Во северна Италија работат и живеат илјадници македонски граѓани, но засега од МНР немаат податоци дали амбасадата во Рим контактирала со некој од нив.

Сепак, многу од научниците предупредуваат дека ова со Корона вирусот е малку пренапумпана работа, бидејќи ако се направат анализи и споредби со обичниот сезонски грип, ќе се види дека Корона не е ништо по опасен, напротив.

Претходна статијаГолем број Македонци со грижа по новата ситуација: Ќе се променат многу планови
Следна статијаЕлена Велевска емотивно призна: Не успеав да го спасам, толку беше