Вухан 400 е можно да го збрише човештвото – роман напишан пред 40 години го предвидел Корона

0

Американскиот писател Дин Кунч во книгата напишана пред четириесет години, во 1981 година, „Очи на темнината“, практично како да ја предвидел епидемијата со новиот вирус. Тој вирусот го нарекол Вухан-400, во научно-фантастичниот трилер.

Фотографии од страниците на книгата деновиве се објавени на социјалните мрежи, со цитати кои ја претставуваат сличноста на фиктивниот вирус со сегашниот Ковид-19.

Сепак, според азискиот портал Mashable, разликите помеѓу вистинските настани и дејството на книгата се големи.

Во романот на Кунч, Вухан-400 беше развиен како биолошко оружје надвор од градот Вухан, за да се избрише човештвото од лицето на земјата.

Затоа, стапката на см ртност на овој вирус е 100 проценти, односно секој што се зарази починува. Кај Коронавирусот пак, од друга страна, има стапка на см ртност од само 0,2 проценти.

Она што се поклопува во фикцијата и реалноста е фактот дека Институтот за вирологија на градот Вухан навистина постои и се наоѓа на неколку километри надвор од самиот град.

Институтот, сепак, е основан во 1956 година, или 25 години пред објавувањето на романот.

„Тајван њуз“ посочува дека во претходните изданија на книгата вирусот бил поинаку наречен, така што наместо Вухан-400, вирусот наводно развиен од кинеската влада се викал Горки-400 и бил создаден од руски научници.

Во подоцнежните изданија е променето името на вирусот, но не се знае точно кога, а веројатно е дека се случило во 90-тите години од минатиот век.

Сепак, се чини дека сето ова со Корона вирусот е малку напумпано. Имено, кога ќе се споредат податоците, само оваа година, повеќе луѓе се починати од сезонскиот грип, а како последица на респираторни или други конпликации предизвикани особено кај луѓе со хронични заболувања, отколку од Корона.

Некои од аналитичарите пак одат до таму што анализираат дека со оваа медиумска негативна кампања, се задава смислен силен удар на кинеската економија, која последниве години е во силна експанзија.

Тоа најдобро може да се види во движењето на светските берзи. Имено, кога во текот на вчерашниот ден, во Американските медиуми се појави информација за можна експанзија на вирусот во Соединетите Американски држави, вредноста на берзата вртоглаво почна да паѓа.

Претходна статијаКаде им е само паметот: На жители од Дулица во изворот со вода некој им истура прегорено масло, им го сечи цревото и им става бетон
Следна статијаПроверете си дали и вие сте меѓу нив: Одобрени 236 пасоши, познато уште колку остануваат