Можеби треба да се кандидирам за премиер и да им покажам на политичарите КАКО СЕ БРАНИ МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права на македонците од Канада и безкомпромисен борец за зачувување на македонскиот идентитет и интегритет,Бил Николов, во своето најново обраќање ги потсети македонските политичари за нивната вина за промената на името на нашата држава.
Прашав МК политичари да ми одговорат на обвинувањето за нивната вина за промената на името: НЕКОИ имаа изговори,ЕДЕН ја призна вината,ПОВЕЌЕТО молчеа, во надеж дека ќе престанам. Нема да престанам.
Можеби треба да се кандидирам за премиер и да им покажам КАКО СЕ БРАНИ МАКЕДОНИЈА ,напиша Николов на својот Твитер Профил.
Прашав МК политичари да ми одговорат на обвинувањето за нивната вина за промената на името: НЕКОИ имаа изговори,ЕДЕН ја призна вината,ПОВЕЌЕТО молчеа, во надеж дека ќе престанам. Нема да престанам. Можеби треба да се кандидирам за премиер и да им покажам КАКО СЕ БРАНИ #МАКЕДОНИЈА pic.twitter.com/jZpmd6SGSY
— Bill Nicholov (@BillNicholov) February 16, 2020
Пред извесен период во една своја колумна Николов напиша:
Целиот мој живот сум го осудувал расизмот. Од кога помнам за себе бев активист за човекови права. Се згрозувам кога некого дискриминираат врз основа на неговото етничко потекло. Во исто време, низ текот на целиот мој живот, и јас самиот бев дискриминирам поради мојата етничка припадност. Сега, ја барам вашата помош. Ќе ми помогнете ли? Не, веројатно нема. Скроо да сум сигурен дека нема да ми помогнете. Но, За тоа малку подоцна.
Причината поради која што го пишувам овој текст е следната: поради тоа што има вести од кои ми се блуе Поради коментатори кои од една страна зборуваат за човекови права, осудуваат една страна – пред се Републиканската партија – затоа што поттикнува расизам и омраза.
И знаете што? Во ПРАВО се за тоа. Но, притоа одбиваат да се погледнат себеси во огледало. Поради тоа ми е мака. Познатата аналогија за „стаклената куќа“ чии жители не би требало да фрлаат камења кон други е применлива тука. Но, да се вратиме на поентата. Не можете да осудувате расизам доколку и самите сте расисти. Немате право на тоа.
Мојата етничка група е на работ на пропаст поради луѓе кои осудуваат ДРУГИ за расизам. Демократите кои, нели, се „добрите момци“, пред многу години почнаа со план за преименување и редефинирање на мојата етничка група, на мојата држава, јазик и историја, се со цел да ги исполнат желбите на нашите поробувачи.
Републиканците продолжија со оваа расистичка политика. Работите сега дојдоа до точка на вриење, и со секој ден што изминува, мојата етничка група се губи и исчезнува…
Дали би ви било важно да знаете која е мојата етничка припадност и пред да решите дека би сториле нешто да го спречите нејзиното исчезнување? За жал, важно ви е. Но, ако вие ми кажете дека на вас ви е потребна помош, јас ќе ви помогнам. Тоа го прават вистинските борци за човекови права.