Лесно е кога сте ученик и кога живеете во близина на средното училиште во кое учите. Но, сте се запрашале ли како е кога патувате од некое помало место или од друг град?
Ова е еден од главните проблеми кои ги имаат тинејџерите кои живеат во населените места или села во околината на гравниот град Скопје.
Но, со овој проблем се соочуваат и оние тинејџери кои сакаат своето образование да го продолжат во некое стручно училиште кое го нема во нивниот роден град.
Автобускиот превоз не е прилагоден кон наставата и учениците се принудени да тргнуваат неколку часа порано пред да им започнат часовите, а потоа откако ќе завршат истите да чекаат уште неколку за да се вратат дома.
Кога сето тоа би се заокружило може слободно да се каже дека отприлика во еден работен ден тие поминуваат околу 10 часа во пат и посетување на настава.
Со самото тоа се крати времето за останатите активности кои тинејџерите ги прават во своето слободно време – како што се посета на кино, спортски активности, дружби со пријателите и слично.
За да не ја шириме многу приказната ќе се задржиме на градот Скопје, каде средните училишта со настава во принцип започнуваат од 07:30 часот за прва смена и 13:30 за втора смена.
Учениците кои живеат на повеќе од 25 километри оддалеченост од училиштата за да стигнат навреме се приморани од дома да излезат најдоцна во 06:00 часот, односно 12:00 часот, а дома да пристигнат исто толку време подоцна откако ќе им завршат часовите.
Целата сторија проследете ја на „Хаштаг“