Порошенко: Преговорите со Путин беа најтешката ноќ во мојот живот

0

Поранешниот украински премиер, Петро Порошенко изјавил дека преговорите на лидерите на “нормандиската четворка“ одржани во 2015-та година се претвориле во “најголемиот кошмар во неговиот живот“.

Така, таа ноќ на самитот ја опишал поранешниот шеф на украинската држава за списанието „Украинска правда“.

Според зборовите на украинскиот политичар, на самитот во Минск тој морал да премине низ “исцрпувачки 19-часовен маратон“ додека ги разгледувале решенијата за идниот компромис со рускиот претседател Владимир Путин.

Порошенко рускиот лидер го нарекол “ладен и груб“ преговарач.

„И самиот Франсоа Оланд (поранешниот претседател на Франција) своевремено изјави дека Порошенско и Путин многу пати си повишиле глас еден на друг. Тоа беше една од најстрашните ноќи во мојот живот“ – пишува украинскиот политичар во колумната.

Според мислењето на Порошенко, компромисот од Минск на Киев му пружил драгоцено време за развој на војската и надминување на социјалната криза.

Тој исто така нагласил дека не го идеализира документот потпишан во 2015-та година, но смета дека алтернативата од тој компромис денес не постои.

На самитот на “нормандиската четворка“, одржан во февруари 2015-та година во Минск, учествувале лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија.

Според резултатите од самитот усвоени биле два документи: пакет мерка, насочени на имплементацијата на минскиот договор и декларација во поддршка за реализација на договорот од Минск.

Претходна статијаДури бев на работа свекрва ми го избричила детето – збеснав кога видов
Следна статијаСе загубил багажот, доцни летот – еве за што сè можете да барате надомест во пари од авиокомпанијата