Патници скокаа од авионот денес во Дизелдорф – Германија (ВИДЕО)

0

Нов инци дент со компанијата Пегасус, по оној во Истанбул пред десетина дена, кога авион на компанијата излета од пистата и беа повредени сите патници, а еден настрада.

Тогаш авионот на „Пегасус ерлајнс“ полетал од Измир, а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул, кога авионот се излизгал од пистата и се преполовил. Во миговите на несреќата имало силен дожд и спротивен ветер.

Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот. Најголемиот дел од патниците биле турски државјани, но имало и 22 странци од 12 земји.

Денес, патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, итно беа евакуирани, откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците во паника се фрлаа од авионот за побрзо да се симнат.

Според информациите, евакуацијата била наредена поради прегревање на сопирачките и забележани искри од тркалата на леталото.

Чадот го забележале контролорите на АТЦ, кој излегувал од тркалата, па била донесена одлука за итна евакуација на патниците.

„Авионот, на летот PC1003, од Сабиха Гакчен до Дизелдорф, денес слета непречено и безбедно на аеродромот Дизелдорф. За време на приближувањето кон паркирањето, од кулата беше предупредено дека под авионот има пожар и чад.

Нашата екипа на летот донесе одлука за итна постапка за безбедност на нашите патници“ соопшти компанијата. Нема информации за бројот на патници и од која националност биле тие.

Düseldorf Havalimanı'nda henüz bilinmeyen bir sebeple Pegasus uçağı acil tahliye uyguladı.

Публикувахте от Hava Sosyal Medya в Събота, 15 февруари 2020 г.

Претходна статијаБаба ми имаше три сосетки во нејзината зграда со кои беше неразделна – еве што си правеа по цел ден
Следна статијаНе ни сонував дека ќе ми падне на колена во сред ресторан во Германија