Макрон со топло-ладно изјава во врска со давањето датум на Македонија во март

0

Актуелната влада на нашата држава ги исполни буквално сите барања кои беа побарани од неа, со цел почнување преговори со Европската унија. Дури и она најболното, со договорот од Преспа се смени името на државата, спор кој се провлекуваше од осамостојувањето на Македонија во деведесеттите години.

Се потпиша  и договорот со за добрососедство со Бугарија, а односите со останатите соседи се на завидно ниво.

Премиерот Заев и неговите министри, бе сто процентно сигурни дека датумот за почеток на преговорите ќе се добие минатата 2019 година. Но тогаш дојде студен туш од Францускиот претседател Емануел Макрон, кој без соодветно објаснување го закочи процесот за интеграција на Македонија и Албанија.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори во нашата држава, кои треба да се одржат во април оваа година, Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека доколку резултатите од мартовскиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори за нивно пристапување во ЕУ.

– Го чекаме извештајот во март … во зависност од тоа дали резултатите ќе бидат позитивни и се воспостави доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги отвориме преговорите, рече Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

Се очекува Данска и Холандија, кои го поддржаа ставот на Макрон минатата година со кој блокираше почеток на преговори, да се откажат од противење на почеток на пристапни преговори со Скопје и Атина, изјавиле дипломати од ЕУ за некои светски агенции, пренесува Танјуг.

Францускиот претседател истакна дека ја дели стратешката цел за „закотвување“ на Западен Балкан во Европа. Сепак, како што додаде, постои „знак прашалник“ за тоа дали отворањето на пристапните преговори, кои веројатно ќе траат со години, е вистинскиот начин да се направи тоа.

Тој укажа на важноста на инвестициите.

– Ние Европејците имаме проблем што мислиме за соседството само преку проширување. Тоа не функционира со 27 (членки). Ние се движиме премногу бавно, секаде имаме неединствени правила, премногу сме тешки. Дали мислите дека тоа ќе функционира ако сме 30, 32 или 33 ?, ја пренесува Танјуг изјавата на Макрон.

Претходна статијаНа актерка од Преспав не и беше дозволено да замине во Германија – таа раскажува што се случило на Скопскиот аеродром
Следна статијаНАСА уште во 2016 година развила систем како да се спречи удирање на земјата на голем астероид