(ФОТО) Татјана Лазаревска им покажа на Австралијанците како се слави роденден

0

Откако со својот сопруг и колега по професија Новица Василевски и децата најпрвин се здомија вселувајќи се во новата куќа во Мелбурн, каде последниве пет години живеат и работат, ги пречекаа првите гости од Македонија, па ја споделија радоста на социјалните мрежи, па дојде и тој ден…

Денот што го чекаме цела година, а не е Нова Година, туку е роденден, овој пат оној на Татјана. А роденденот по обичај, без оглед на годините, треба да се одбележи прослави на пригоден начин.

Затоа пејачката не штедеше на заработениот хонорар и бакшиш од тезгите, па како експерт за штимунг на туѓи родендени и себе си си приушти весела роденденска забава, во која уживаа и нејзините австралиски пријатели.

Дамите не е ниту пристојно, ниту џентлменски да се прашуваат за годините, освен… ако самите не изразат желба тоа да го соопштат! А Татјана ниту ги крие, ниту ги премолчува, ама затоа, така лесно не ги ни соопштува.

Како педагог по вокација, настрана од пеењето, како и секоја „учителка“ смисли мала игра, па пејачката славеше роденден со математичка равенка. Имено, кој ќе знае да ја реши, ќе дознае и колку години полни фолкерката!?

Роденденската равенка ја сподели на својот инстаграм па напиша:

„21 х 2+3 = That’s me (Тоа сум јас)?

Е сега оној или онаа кому математиката му била „ноќна мора“ на училиште… Не, не, не станале пеја(к)и… Туку ќе почнат наопаку да ја решаваат па ќе излезе дека Татјана Лазаревска е најстарата пејачка на светот со 105 години!

Ама бидејќи не е, останува да тргнете по обратна логика или математичко правило кое оние што биле „петкаши“ по математика, добро го знаат… А тоа е дека најпрвин се множи и дели, а потоа собира и одзема… Освен ако нема некоја заграда, а овде ја нема!

Извор: Вистина

Претходна статијаЉупчо Зиков: Мизрахи се однесува малку глупаво како за еврејка – неприфатливо
Следна статијаРмбачам овде во Америка и ќе биде претажно за мене ако не можам да одам на свадбата на ќерка ми во Македонија