Боки 13 побара да се прегледа камерата на неговите родители за да се види кој ја зел торбата со пари

0

Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде, изјави Бојан Јовановски на судењето за „Рекет“.

Прво побара чаша вода, а кога судијката му рече дека може својот воведен говор да го даде седејќи или, доколку не му е добро, не мора да го даде, Бојан Јовановски – Боки 13 рече: „Живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам, зошто сум цел на јавен линч веќе 5 месеци”.

Тој рече дека колку што седел во ресторан со ексшефицата на СЈО Катица Јанева, исто толку пати седел во ресторан и со надлежниот јавен обвинител, мислејќи на обвинителката Вилма Русковска.

Тој вели дека „Рекет“ е несреќно наречен случај, бидејќи преку предметот се играле валкани политички игри, на негови плеќи.

„Од кривично-правен случај се претвори во случај на сензација. Мојот и животот на членивите на моето семејство беа загрозени, се уништи еден медиум. Станува збор за бедна конструкција на предмет оти синот на второобвинетата беше вработен во 1ТВ”, рече Јовановски пред судот и ја повика на помош меѓународната заедница.

Претходна статијаАеродром пред и по Марин – претворен во Сахара (ФОТО)
Следна статијаГо претера ли – Карлеуша се облече за настап како на филм за возрасни (ФОТО)