Во недела е големиот празник Благоец, денот кога според верувањата змиите се будат. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.
Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.
Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.
Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, каде иконите посветен на Благовештение и да се помолат.
Нема попрецизни податоци од кога се празнува овој празник. Се знае сигурно дека се празнувал во 7 век, но некои сведоштва укажуваат дека тој се празнувал и неколку векови порано.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отворала уста и кукала но никогаш не кукала пред Благовец како што пупал пупунецот.
На овој ден се до Велики Петок се смета дека е добро да се започне нова работа.
Се носат и важни животни одлуки.
Но сепак, најинтересното верување за Благоец е дека ако ноќта спроти празникот се појави оган, се смета дека на тоа место има скриено богатство.