Аца Лукас скршен од болка пристигна во домот на Шабан Шаулиќ

0

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена, во раните утрински часови загина во тешка сообраќајна несреќа, а во автомобилот со него бил и музичарот Мирсад Кериќ кој управувал со возилото, како и кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Молк и тага на Дедиње во семејниот дом на Шаулиќ. Колеги, пријатели, роднини… доаѓаат за да изразат сочувство на неутешната вдовица Гордана и ќерката Илда кои се во Белград, додека синот Михајло и Санела уште се во Германија каде чекаат да го превземат телото на пејачот.

Рано изутринава пристигнала Данијела Мандиќ, девојката на Михајло која се грижи за Гордана и Илда.

Во домот пристигнал и Аца Лукас со ќерката Софија за да изрази сочувство, но од болка не можел да зборува за новинарите за српски „Курир“.

Да изјави сочувство дошол и Хасан Дудиќ, како и фудбалската легенда Владимир Петровиќ Пижон и Бошко Ѓуровски.

Пејачката Зорица Брунцлиќ откако слушнала за трагедијата не се одвојува од кумата Гордана и ја теши деноноќно.

Претходна статијаИвица Дачиќ: Лекарите му дале нешто на Шабан, заспал и веќе никогаш не се разбудил!?
Следна статијаКако да претчувстувал нешто: Шабан Шаулиќ пред само три месеци го составил тестаментот, еве на кого го оставил целиот имот