Како да претчувстувал нешто: Шабан Шаулиќ пред само три месеци го составил тестаментот, еве на кого го оставил целиот имот

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена, во раните утрински часови загина во тешка сообраќајна несреќа, а во автомобилот со него бил и музичарот Мирсад Кериќ кој управувал со возилото, како и кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Како што пренесуваат медиумите, Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во петок во Алеата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Иако кралот на народната музика бил роден во муслиманско семејство, нема да биде погребан според муслиманските обичаи и ќе има само граѓански закоп без ниту едно свештено лице.

Комеморацијата, пак, ќе биде исто така во петок, неколку часа пред погребот.

Шабан како да го предчувствувал крајот бидејќи на само три месеци пред смртта одлучил да состави тестамент, а целиот свој имот кој вреди неколку милиони евра го оставил на сопругата, децата и внуците.

Тестаментот е направен во нивната семејна куќа, во присуство на Гоца. Во него е потенцирано дека вилата која вреди милион евра и ја остава нејзе, три стана им оставил на децата, на сите по еден, а стои и клауза дека куќата на Дедиње не смее да се продава, додека со становите можат што сакаат да прават, одлуката е нивна.

Покрај имотот, со заштедата на Шаулиќ целосно право да располага со истата има сопругата, а според тврдењата на пријателите на сметките има најмалку 500 илјади евра, открил пријател на кралот на народната музика.

Претходна статијаАца Лукас скршен од болка пристигна во домот на Шабан Шаулиќ
Следна статијаСтојанче Ангелов тврди не го избркале од кафуле – Лика му порача „овој пат се спаси”