Светот остана без кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, која ја доживеа после настап во ноќен клуб.
Шабан Шаулиќ (роден 6 септември 1951 во Шабац, Југославија) е српски пејач. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.
Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.
Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ.
Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.
Шаулиќ живее и работи во Белград. Неговите омилени забави се рибарење, во својата викендица во Крчедин и фудбал.
Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.
Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлик.[9]
Ова е последна снимка од неговиот настап.
Kralj Šaban
Публикувахте от Jovan Goranovic в Събота, 16 февруари 2019 г.