Ова е местото на несреќата во која загина Шабан Шаулиќ – автомобилот смачкан, глетката страшна

0

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Бифилд-Бутерслох, синоќа.

Сите германски медиуми пишуваат за сообраќајната несреќа во која настрада пејачот.

„Спасувачка служба добила повик утринава околу 06:50 часот дека на автопатот А2 во правец кон Дортмунд се случила тешка несреќа во која учествувале две возила“, пишува Westfalen-blatt.de.

До 09:30 часот патот бил непорооден, бидејќи пожарникари два часа ваделе 4 повредени лица од масчканото возило.

Телевизија Пинк пренесува дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.

Претходна статијаЦелосно уништен автомобилот во кој загина Шабан Шаулиќ
Следна статијаОва е последната снимка на Шабан Шаулиќ, неколку часа пред страшната несреќа ВИДЕО