Цеца пред неколку месеци беше на одмор на Малдивите со нејзиниот вкус Жељко и нејзината сестра. Таа објави неколку сториња од Малдивите. Малиот Жељко за првпат беше разделен од своите родители и замина на одмор со своите баби.
Прво, пејачката објави стори од авион, со кое им се пофали на своите следбеници дека стасала на Малдивите, а покажа и на какви плажи уживала во овие денови.
Цеца ја следеле камерите на Блиц ТВ, и материјалот од Малдивите беше искористен во реалното шоу кое се прикажува, а покажува интересни детали од нејзиниот живот- каква е Цеца по дома и кога не настапува.
Цеца објави кратко видео, мал дел од најновата емисија на „Цеца шоу“ и покажа колку е всушност пејачката детинеста и си го негува детето во себе, што и самата проговори.
Имено, Цеца си го повредила коленото, спуштајќи се од тобоганот во кристално чистата вода. Но, Цеца рече дека не ѝ пречи што се повредила и дека постојано си играла со дечињата.
Цеца објави слика на Инстаграм на која се гледа дека коленото ѝ е повредено.
Пред неколку месеци, во емисијата на Цеца, која го носи името „Цеца шоу,“ пејачката откри дека ќе мора да оди на тешка операција која траела дури 6 часа.
Се оперираше во Истанбул на клиника специјализирана за нејзиниот здравствен проблем. Операцијата траеле најмалку 6 часа, по што лекарите ѝ напоменале дека ќе треба да заздравува околу 2 седмици.
– Таму ќе останеме најмалку 12 дена. Докторот ми рече дека операцијата ќе трае шест часа, дека тоа е стандард за таа интервенција – изјави Цеца.
Како што раскажа Цеца во новата епизода, оваа операција не можела да се одложи.
– Морам да одам на таа операција, дали сега или за два месеци, морам да одам. Знам дека операцијата трае, но сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа – изјавила Ражнатовиќ.
Таа истакнала дека не се плаши, бидејќи има доверба во докторот што го избрала.
– Не се плашам, кога бев со него на консултации, тој ми даде доверба. Го следам 2, 3 години преку социјалните мрежи што и како работи и ми се допаѓа тоа што сум го видела. Немам никаков страв, не се двоумам, навистина ми даде самодоверба. Мило ми е што конечно ќе го решам, и повеќе да немам проблеми со тоа – вели таа.
Таа посочува дека најважно ѝ било што ја оперирал врвен специјалист за да нема никакви последици.
– Барем некој што е врвен хирург ќе го реши за да немам последици на мојата кожа после таа интервенција. Тоа ми е многу важно, јас сум жена – објасни Цеца.
Цеца по операцијата во болница била задржана 48 часа, по што го продолжила закрепнувањето во хотелот.
– Генерално за таа интервенција задржуваат 48 часа поради мојот здравствен проблем, но можеби ќе ме држат 72 часа.
После тоа ќе треба да одморам, ќе можам да се движам колку што ќе можам – изјави Цеца претходно.
Потоа, Цеца во една друга епизода слободно зборуваше за операцијата во Истанбул, а за првпат беа прикажани снимки и слики од операционата сала.
Гледачите имаа можност да видат како течело закрепнувањето на Цеца по осумчасовната хируршка интервенција.
На страницата на Информер.рс, е објавенаа слика од Цеца од операционата сала по интревнецијата.
Српските медиуми објавија дека Цеца направила ласерско отстранување на истетовираните веѓи, а целиот процес го снимила и го споделила со следбениците на Инстаграм.
Цеца важи за личност која вложува многу време и пари во својот физички изглед, па затоа често добива коментари дека на нејзините години ништо не ѝ може.
Таа се труди да го задржи младешкиот изглед, па редовно оди на разни третмани и затегнување на кожата. Покрај сето тоа, Цеца ги истетовирала веѓите.
Со текот на времето веќе не ѝ се допаѓале истетовираните веѓи, па решила сега да ги избрише, а во своето реално шоу покажа како изгледа да се отстрани тетоважата од лицето.
Таа ги отстранила веѓите со ласер, па во еден момент можеме да ја видиме без нив. На нејзиното лице останале само неколку природни влакна кои тетоважата некогаш ги покривала.
Пејачката морала да ги отстрани старите веѓи, за да може да направи нови, кои ќе ѝ дадат мала промена на лицето.