Еден човек од Турција сторил големо нешто за Елена Ристеска, нашата пејачка детално раскажа

0

– Да бидам целосно искрена не жалам за ништо во поглед на професионалниот дел од мојот живот од оние нешта што се случиле, но, жалам за оние кои не се случиле“, кажа во едно интервју нашата позната музичка ѕвезда Елена Ристеска.

Жалам што не правев повеќе големи концерти како тој во Метрополис Арената, бидејќи обожавателите секогаш го бараа тоа од мене, потоа мислам дека иако имам доволно песни и меѓу нив хитови, сепак требаше да направам повеќе албуми и повеќе музика.

Додека се фокусирав на небитни нешта и луѓе во приватниот живот, го изгубив времето за да создавам повеќе музика. Ќе се потрудам во иднина да го променам тоа и дека еден ден нема да жалам за ништо.

Мислам дека нема такво нешто, барем она што зависело од моја одлука и од мене. Бидејќи сум перфекционист и голем анализатор , долго размислувам пред секоја одлука. Но, се случувало тоа некој да одлучи за мене погрешно кога не сум била сама во бизнисот.

Како на пример одлука за концерт на голем христијански празник.

Или кога пред неколку години бев излажана дека ќе пеам на “Бела ноќ” а всушност беше настан со политички контекст, и на крај се сведе на ситуација “меч со две оштрици”, ниту да се откажам од настанот ниту да се појавам.

Сепак се појавив на настанот како голем професионалец поради публиката која ме очекуваше, и секако никогаш никој не дозна дека тоа не беше моја одлука туку тешка игра на поединци.

Игра во која најдебелиот крај го извлеков јас , но и мои колеги, добивајќи разни пораки со ужасен контекст, а сепак луѓето не ја знаеја вистината, оваа вистина.

За кој настан станува збор тој што треба ќе сфати. Како и да е, тоа беше туѓа лага , но не моја грешка“, рече Елена во Женски магазин.

Нашата пејачка која зад себе има еден развод, исто така зборуваше на темата какои се додоворуваат мажите и има ли чуден начин:

„Единствено на оние мажи кои се нереализирани и неуспешни им е потешко да се додоворуваат на познати и успешни жени. А токму таквите најмалку ги ценат жените.

Успешните мажи не сакаат безгласна буква покрај себе, или слика без тон, тие сакаат таа “слика” да има содржина. А таа “содржина” во иднина ќе треба да учествува во донесување на важни семејни одлуки , па дури и во професионалните одлуки . Лош избор на партнер е еднакво на лоша животна инвестиција“, рече Елена.

– Татко ми не веруваше во ниту една манифестација во државава, шоу бизнисот за него беше впуштање во страшен “бубањ” или нечесна игра, па првиот совет што го добив од него кога се пријавив на аудицијата беше “не се разочарувај доколку не успееш , бидејќи многу нешта се наместени”.

Но, јас му кажав дека немам очекувања и дека само сакам да си докажам на себеси дали сум доволно добра за оваа професија.

Колку и да беше скептик татко ми за сето тоа, тој беше најгордиот татко на светот и мислам дека од некаде, уште ме гледа, се гордее и ме заштитува“, додаде Елена за татко си.

Во Фешнек, таа зборувака за својот имиџ и стил: Многу пати луѓето со кои сум соработувала сакале да ме видат во поинакво издание, да сменат нешто на мене.

– Но јас тоа најчесто не сум го дозволувала или пак во одредени периоди од животот сум го дозволила па потоа сум се каела. На пример таков случај имаше кога ја скратив косата, не се каев, меѓутоа имаше спротиставени реакции, и јас не се пронајдов со таков имиџ”, ги раскажува своите искуства Елена.

Елена Ристеска ја има во видео игра, благодарение на нејзин обожавател од Турција кој ја ставил на игра. Елена ова го објасни на нејзиниот Инстаграм профил во една прилика со овие зборови:

-Ти благодарам Фуркан, што ме стави во ГТА игра. ти се се уште мојот омилен турски фан“, напишала Елена за ова изненадување што го добила, а таа всушност со ова докажува дека освен во Македонија, ја сакаат и во други европски земји.

Претходна статијаСо години не сакаа очи да си видат, Драгана Мирковиќ била многу лута на овој познат човек, ова е причината
Следна статијаЦеца остана без веѓи: Пејачката сподели сѐ со cледбениците, целосно го промени изгледот (ФОТО)