Со години не сакаа очи да си видат, Драгана Мирковиќ била многу лута на овој познат човек, ова е причината

0

Пејачката Драгана Мирковиќ непропушта да истакне колку е среќна жена. Има хармоничен брак со сопругот Тони, деца со кои се гордее и успешна повеќедецениска кариера.

Наследниците на Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ не сакаат јавно да се експонираат, а нивната одлука ја поддржаа нивните родители.

„Синот не сака да се експонира, но сите го гледаат. Ќерката се повлече, тоа и беше премногу, сепак таа е севојче, а тој се смее на некои работи, не е луд по социјални мрежи.

Нејзе и е непријатно да ја има на порталите, јас не сум влијаела на неа. Мене ми е важно само тие се среќни, ќе бидам најдобра можна свекрва“, изјави пејачката во една прилика за „Ало“.

И покрај тоа што нивните родители се богати, децата на Драгана и на Тонија сакаат да се изборат за сопствената корка леб, па ќерката Мануела, како што еднаш откри пејачката, некогаш работела во хотел.

Ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела Бијелиќ е вистинска убавица, а многумина коментираат дека личи на нејзината мајка. Мануела во една прилика објави видео на Инстаграм на кое позира во тесен розов фустан покажувајќи го своето убаво тело.

Наследничката на популарна пејачка често споделува фотографии од луксузни дестинации, но и нејзините провокативни изданија.

Марко, синот на фолк-пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ ја наследил љубовта кон луксузните автомобили, а во една прилија на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како вози нов „мајбах“.

Бројни несогласувања на естрадата траат со години, а кав гата меѓу фолк ѕвездата Драган Мирковиќ и оваој нејзин колега трае долго, а причина била комуникацијата и големо недоразбирање.

Драгана имала приватни обврски и не можела да дојде на неговиот концерт, а тоа го сфатил како навреда и веднаш и се налутил.

Тие ги прекинаа сите контакти во 2009 година, а се смирија дури неодамна. Станува збор за фолкерот Миле Китиќ.

Единствено што се поклопуваше во двете верзии е тоа што Миле Китиќ одржа концерт во белградска „Арена“ и што Драгана не дојде.

– Немам ништо против Драгана. Таа има одлична кариера без ниту една маана. Таа има убаво семејство и е многу остварена жена. Тоа што се случи меѓу нас е приватна работа, а е поврзано со концертот во Белград кој таа го откажа.

Прво рече дека ќе гостува, а потоа рече дека не може. На крајот им забрани на Кемал и на Шемса да дојдат, па целиот концепт на мојот концерт се распадна и малку се налутив на тоа – изјави тогаш Миле.

– Миле тогаш ме покани мене и мојот сопруг Тони да дојдеме и рече дека ќе ни остави места во кутијата, а јас му одговорив дека не можам да дојдам поради лични обврски.

За мојот настап не се зборуваше ниту како солист, ниту како дел од некогашниот „Јужни ветер“. Мораше да има на ум дека не сум во соседството, туку дека живеам во Виена – изјави тогаш таа за медиумите и додаде:

– Решив да реагирам заради моите фанови и утре да нема шпекулации зошто не дојдов таму каде што не ме ни поканија – изјави тогаш Драгана.

-Ме разочара неколку пати и тоа никогаш нема да го заборавам. Тоа не е само концерт. И посакувам се најдобро, но не би сакал да имам никаков контакт со неа. За мене не постои – велеше Миле Китиќ до пред година-две.

Долго време меѓу нив стоеше оваа кавга, а потоа преку ноќ се се смени и несогласувањата се разрешија. „Уште една прекрасна дружба – напиша Драгана Мирковиќ покрај фотографијата со Миле Китиќ по неодамнешниот заеднички концерт.

Претходна статијаБлага Петреска раскажа лична семејна приказна, а ова го откри за својата ќерка која е помалку присутна во јавноста
Следна статијаЕден човек од Турција сторил големо нешто за Елена Ристеска, нашата пејачка детално раскажа