Познатиот актер Драгомир Бојаниќ Гидра, иако нè напушти пред три децении, неговата слава не опаѓа и денес, а авантурите на популарниот господин Жика Павловиќ од серијата „Жикина династија“, по која е најпрепознатлив, се прераскажуваат дури меѓу помладите генерации.
Со својот неодолив шарм и харизма лесно ги освои срцата на широката публика, а неговото упокојување во 1993 година го растажи целиот регион, особено неговата ќерка Јелена, која ја имаше од бурната љубовна врска со колешката Љиљана Контиќ.
Улогата во „Жикина династија“ му донесе епитет на женкар, но Драгомир Бојаниќ Гидра во приватниот живот бил далеку од тоа.
Целиот живот бил вљубен во својата жена и постара колешка Љиљана Контиќ, а нивната врска била страствена и бурна.
Тие се запознале и почнале да се забавуваат уште додека Гидра студирал, а се венчале во 1966 година.
Гидра од милост својата сопруга ја викал Љаља, а со неа во 1970 година ја добил и ќерката Јелена. Како легендарниот актер ја пречекал сопругата пред породилиштето се зборувало со години.
Имено Љиљана и бебето ги дочекал со три возила во кои биле половина музичари од Скадарлија.
Љиљана Контиќ (1931 – 2005) е родена во Савинца кај Горен Милановац, а израснала во Никшич. Гидра го запознала додека биле на Академија, а врската ја одржувале и додека актерката била во Белград. Била актерка во Народниот театар во Белград.
На јавноста ѝ е малку познато дека на Филмскиот фестивал во Ниш во 1989 година е избрана за актерка на годината.
Меѓутоа, помеѓу кариерата и семејството приоритет и било семејството, бидејќи како што некогаш изјавила: „На жените жртвувањето им е во крвта“.
Сите кои ги имаат гледано „Луде године“ и „Жикина династија“, серијалот на Зоран Чалиќ, најверојатно се сеќаваат на познатата сцена во музичкото училиште и часот на кој Миша и Наташа „музицираа“, т.е. кога пуштија снимена касета со своите музички вежби, а во другата просторија разменуваа нежности.
Иако било очигледно дека меѓу нив владее голема љубов, во нивниот брак не цветале рози. Се карале, разделувале, и повторно се враќале еден на друг.
Два пати се венчавале и два пати се разведувале.
Иако бил многу млад, Јован Стојановиќ, внукот на Гидра, поточно од неговиот брат Миломир, исто така тивко стра дал од голема загуба и добро се сеќава на својот дедо-чичко, чии животни ситуации сака да ги раскажува денес.
– Често го посетував во неговиот стан кај Калемегдан. Како што беше во Жикина Династија, таков беше и во секојдневниот живот, насмеан и весел.
Никогаш не сум го видел тажен или намуртен – рекол еднаш Јован кој имал само седум години кога актерот се упокоил и открил дека не се вистинити приказните дека Гидра ѝ бил неверен на сопругата Љиљана.
– Не е точно дека дедо ми бил ѓубре неверно. Многу ја сакаше баба ми Љиљана и таа голема љубов доведе до расправии. Поради тоа често се одвојувале еден од друг, но тој секогаш се враќал кај неа. Не заминувал за други жени, тоа не е точно – рекол внукот на Гидра, кој никогаш никого не остава рамнодушен со својот изглед.
Поради својот атрактивен изглед, Јован влезе во светот на манекенството, а изминатите години работеше на бројни кампањи за познати брендови, ревии, а се појавуваше и во спотови.
Многумина се согласуваат дека својот шарм го наследил од дедо му, а со тоа, несомнено, ја освоил и сегашната сопруга Маја, која по професија е шминкерка. Двајцата го имаат и синот Алексеј, кој дојде како круна на големата љубов.