Доктор Горан од Геpманија сподели како се работи таму: Фамилијата скоро и нема да ја видам

0

Доктор Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.

„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија, па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.

Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“.

Често објавува моменти и искуства од работата во бол ницата, па така и сега после долгочасовно дежурство реши да сподели како е да се биде дежурен лекар во Германија.

„Како изгледа едно дежурство: 13 часа одговорен за преку 120 стационерни пациенти, ургентен центар и интензивна нега.

Работата е толку густа и полна со адре налин и постојано донесување одлуки со неодморен мозок што после тоа си целосно исцрпен.

Она како после добра журка и до сабајле.. Само што доаѓаш дома и прво му треба време на телото да ги одработи катехоламините пред да можеш да заспиеш.

Доктор Горан има многу следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, каде на пластичен начин, разбирлив за граѓаните, објаснува многу заболувања со кои се среќаваат луѓето.

Од почетокот на пандемиската криза, многу Македонци во дијаспората се соочија со еден проблем, кој не е од здравствена природа. Имено, на многумина кои им беа истечени пасошите од матичната држава, не можеа да ги обноват.

За овој проблем предупреди Хелена Роза од Нов Зеланд. Доктор Горан во едно негово видео, раскажа за непрофесионалниот однос на вработените во македонската амбасада, при закажан термин за фотографирање за македонска патна исправа:

„Тоа што примија други пред мене и ме оставија да чекам 30 минути не ни замерувам. Тоа што господинот ми се обрати на шалтер со “Еј!” како да сме на пазар, ќе го заборавиме..

Тоа што годподинот Алиу се претстави како главно одговорно лице во амбасадата иако на документот што ми го издаде стои друго име не ми е важно.

Тоа што не добив шанса да разговарам со одговорното лице бидејќи е на состанок го разбирам. Тоа што на поштенското сандаче има печатна грешка и што знамето што се вее е искинато и обледено ќе го преболам.

Тоа што ми го ускрати правото на анонимност и читаше на глас пред останатите не ми е важно (иако го замолив да почекаат пред врата, одговорот беше – не одлучувам јас кој каде чека) … Не е важно.

Но! Имам меил од амбасадата во кој добив термин за сликање денес во 11 часот. Ќе биде објавен јавно. Земав слободен ден, организирав замена на работа, патував до овде.

Поради нечија неписменост јас не сакам да плаќам. Барам од амбасадата во Минхен да преземе одговорност и да ми ги надокнади трошоците од изгубениот ден на работа, бензин и психички стрес.

А, да. И нав реда. Господинот Алиу откако ја напуштив просторијата на следните кои имаа термин рекол “трае подолго бидејќи си има работа со разгалени” тие ме следат на Инстаграм, па ми кажаа.

Не драги мои, не сум разгален, само барам доза професионалност“, напиша доктор Горан. Како е можно, после две години немање контакт со македонски шалтери, да се случува истото?

Кој сега мене ќе ми го надокнади изгубениот ден од работа, изгубеното време и пари, праша доктор Горан на крајот од видеото.

Доктор Горан неодамна изјави дека ја напуштил болницата во која работел 6 години, за да оди во подобра болница, каде што нема да има ноќни смени.

„Денес си дадов отказ во клиниката каде што работам веќе 6 години. Измешани чувства… Ќе ве известам каде продолжува мојот пат… нешто ново и возбудливо“, напиша д-р Горан на сликата, а потоа во видео кажа:

„Иначе дечки, не си одам одма од болницата. Откога ќе дадеш отказ, имаш 3 месеци, во мојов случај, тек тогаш можам да си одам. Е сега, завршив јас во старава болница работа, сега во новата болница, уште не е официјализирано.

Со шефот си дадовме рака, што се вика ама не сме потпишале договор уште. Тоа морам да го завршам, да се официјализира и морам да им кажам тек за три месеци дека можам да почнам.

Во најлош случај можат да ми речат, е не може за три месеци, па да останам без работа, драги пријатели, да си дојдам во Македонија, шала..

Сега, д-р Горан ги обработува последните ноќни смени во старата болница, а обично тоа го правеше по 4 или 5 вечери по ред, а сега му се собраа 7 ноќни смени.

Доктор Горан се сликаше во лифтот во болницата и ја опиша реалната слика, која многумина не ја согледуваат поради тоа што тој работи во странство и повеќето мислат дека му е лесно:

„Ноќ 1/7. Ќе биде долга недела.. Ќе бидам во болница околу 100 часа следните 7 дена. Фамилијата и скоро нема да ја видам,“ напиша д-р Горан кој се соочува со голем предизвик.

Претходна статијаНе е Миша, но е многу шармантен: Внукот на Гидра од „Жикина Династија“ поседува неверојатна убавина, гените не се шега (ФОТО)
Следна статијаДракче сподели убава вест од нејзиниот дом: Среќа ни донесоа, аирлија нека е (ФОТО)