Селото Прањани, на Сувобор велат дека е меѓу најживите во Србија. Многу млади парови одлучуваат да останат тука и да основаат семејство, па училиштето и градинката секоја година се сѐ пополни и пополни.
Вистински пример на домаќин кој е најдобар личен пример како се бо ри против белата чума е Горан Милутиновиќ, кој има три деца од првиот брак и четири од вториот.
Она што го прави посебен е тоа што по шест ќерки доби седмо дете – син. Иако, како што вели, воопшто не размислувал за тоа.
– Сите велат дека не застанав додека не се роди момчето. Тие што ме познаваат добро знаат дека не сум таков, едноставно судбина ми е да бидам седум пати побогат и посреќен од многу други, ова богатство не би го заменил за милиони, вели Горан од Прањан.
Кога се родил син му, тоа се славело длабоко во ноќта, иако тој бил подеднакво среќен со своите ќерки.
– Кога се родија моите ќерки, од корен ми го променија животот, поради нив ги оставив сите поро ци што ги имав, сметајќи дека треба да им бидам пример и да ги водам на вистинскиот пат.
Едноставно, како родител верував дека тој што има шест девојчиња не треба да има лоши манири. Тие се согласуваат како големи девојки и секогаш се тука да се грижат една за друга.
Посебно најстарата ќерка, која оди на факултет, но исто така, помага во сѐ околу најмалиот брат Лазар, вели овој горд татко.
Тој е голема поддршка за сопругата Кристина, која и покрај големите обврски околу четири деца, успева да постигне и да заврши сѐ околу домот.
– Искрено, кога дознав дека сум бремена по четврти пат, бев во шок. Не можам да кажам дека беше страшно, но уште едно бебе во куќата, уште едни грчеви и никнување на забите, сето тоа ми помина низ глава, во моментот кога дознав, дека повторно ќе поминувам низ сѐ тоа.
Кога отидов на вториот преглед, дознав дека носам момче, на што не можев да поверувам.
Го прашав докторот дали е сигурен во тоа што ми го кажува, тој само се насмевна и кимна со главата, вели Кристина.
Кога се венчале, не очекувале дека ќе станат родители четири пати, но со голема радост го прифатиле овој дар од Бога. Кога првото момче пристигнало по шест ќерки, наишле на мал „проблем“.
– Сè одеше спонтано, па лесно се навикнавме, се договоривме во куќата да го прилагодиме на децата, единствено место каде што имавме проблем беше со облеката.
Имавме облека само за девојчиња, ги чувавме за секое дете.
Потоа почнаа подготовките, купување работи за момчето, до бојадисување на собата во сина боја и сѐ останато, додаде таа.