Женава едноставно не старее – дури и на оваа возраст, многу нејзини колешки од естрадата можат да и позавидат

0

Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.




Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.

Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.




Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.

На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.




Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.

Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.




-Процесот на шминкање е многу едноставен за некои девојки, додека за други претставува права “ноќна мора”.

Но она што е заедничко за сите нас девојки и жени е тоа што сите ние посакуваме што е можно подобро да го совладаме овој процес, (колку-толку )




Станојковска важи за девојка со ангелско лице кое секогаш изгледа прекрасно, па понекогаш таа споделува со фановите на Инстаграм на што се должи тоа.

Познатото наше тв лице објави дека е на третман на своето лице и притоа напиша: – Мезо и кислородна терапија со апаратот.




На една од поновите слики на Инстаграм, Маријана е во базен, облечена во мини бикини (долен дел). Маријана отсекогаш била згодна и фит, но на оваа слика се гледа дека е видно ослабена.

Таа всушност вака се дотерала за да раскаже за милиончето, тоест награда од милион денари, која може да се освои со инстант лоз.




Како лото девојка, Маријанче на вистинсми начин ја рекламира фирмата во која работи- секоја чест.

Претходна статијаИзгледа како девојче- Ова е мајката на Кристина Арнаудова, дали пејачката личи повеќе на неа или на татко ѝ Гоце? (ФОТО)