Добар ден, сакам нешто да ви кажам – немате свое, земате туѓо, премногу сте, а малку ве има – Шерифовиќ грмна и го објасни времето кое го живееме

0

На Балканот има големи пејачи и пејачки, има и такви кои освојуваат со својот сценски настап и моден стил, но има и такви кои опстојуваат со децении во врвот на интересот, единствено поради својот вокален квалитет.

Една од нив, можеби најголемата е Марија Шерифовиќ. Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Марија Шерифовиќ е миленик на македонската публика, а по подолго време, минатиот месец имаше настап во Скопје, при што во изјава за медиумите, истакна дека планира голем концерт, најверојатно догодина.

Иако најави нов музички проект за есента 2023 година, неочекувано, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ, вчера објави нова песна, со необичното име „Добар ден“.

Без разлика што во последниот период зад себе остава низа успешни концерти, Марија Шерифовиќ, покрај бројните деловни обврски, долго и темелно работи и на својот нов албум.

Јавноста веќе пет години чекаше нов албум, но иако најави дека долго време работи на него, на изненадување на многумина, регионалната музичка ѕвезда објави нова песна „Добар ден“ , потпишана од Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.

Музичката ѕвезда смета дека публиката треба да зборува за овој проект и дека песната „Добар ден“ треба да им биде упатена на сите оние луѓе, како што вели, кои живеат во свет кој наликува на џунгла. Во ха осот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените и други.

– Добар ден за она што остана од вашиот живот, во густа мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ден за вас во темнината, каде што само љубовта го осветлува животот и го покажува патот.

Добар ден за вас во нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Среќна Нова година и следната…Ако има! – заклучи музичката ѕвезда.

Погледнете го ова ремек дело во изведба на Марија Шерофовиќ. Спотот е нешто досега невидено, а текстот го објаснува времето кое го живееме!

 

Претходна статијаЖенава едноставно не cтарее – дури и на оваа возраст, многу нејзини колешки од естрадата можат да и позавидат
Следна статијаМилчо Манчевски со глумците од „Кајмак“ во опуштено издание, еве како изгледаат зад камерите (ФОТО)