СПЕНЏАРСКА ПОДНОВЕНА: ја извади протезата и скока од среќа, рече дека не плачела кога и ја ваделе

0

Повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Јелена Спенџарска е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.




Пред 2 години таа забележала дека има благо искривување на забите, па отишла кај стоматологот Милош Јанацковиќ каде тој и ја ставил протезата. После долго патешествие со нејзиниот проблем со забите, таа конечно ја извади протезата, а на Инстаграм сподели цел албум од слики во процесот на вадење.




Во видеото таа вели: ,,Леле колку ми се убави забите, не ги замислував вака. Ова како да не сум јас, многу убаво си ги направил.” A потоа под сликите напиша:




,,Аххххх… од каде да почнам…? Ај, од пред две години кога прв пат дојдов кај овој човек до мене @mmilosjanackovic по препорака на неговата сестра.

Сосема случајно нејзе и се пожалив малку околу забите, имав благо искривување на двојките и никогаш не се смеев онака сигурно и храбро, (а јас сум лик што мноооогу се смее) и таа не ме ни праша, за два дена веќе имав закажано кај Милош!

 




Дојдов божем да ме прегледа,да ми каже мислење и да ви кажам НАААЈИСКРЕНО ни сама не сум свесна како веќе почна со ставање пр

Фото: Инстаграм

еза. НЕМАМ ПОЈМА што се случи,луѓе, тој веќе знаеше дека ситуацијата ќе оди на полошо ако не се среди сега. Тој процес не го памтам баш оти толку бев нервозна што ќе имам такво нешто на забите! Јас? На овие години? Секој ден што сум на тв?




Абе, ум рев од плачење цела една недела,не дека ме болеше нешто туку како можев да се согласам на протеза?! -Ќе плачеш кога ќе ја вадиме,памти што сум ти кажал- ми рече тој ден, а мене ми идеше очи да му извадам од б ес ама таа реченица му ја запамтив.




Кога се смирив психички  доста зборевме за се,ја имав најубавата керамичка протеза RADIANCE која не се ни познаваше и некако забите си се наредија перфектно за многу брзо време,а после го средувавме загризот со носење ластичиња (зашто долната вилица ми беше многу поназад).

Да потенцирам дека никогаш не ме остави сама за овие две години и успешно ги трпеше сите мои расположенија и тогаш кога не се трпев ни сама.




Две години ми поминаа како два дена! Денеска,на вадење,не плачев, туку сум ПРЕсреќна што ја направив НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ, убава и широка насмевка со голема самодоверба! Доста се срамев, доста се криев! Ова сум јас и да не беше Милош можеби уште ќе се смеев со затворена уста.




Многу ти се лутев првиот ден, а денес сфаќам дека беше во право за СЕ и колку си значи да се смееш слободно, исто како што ми кажа.




Ве охрабрувам сите кои имате сличен или било каков проблем со забите- НЕ ЧЕКАЈТЕ!!! Тоа е вашето лице и вашето здравје! Нема болка, времето брзо ќе летне, а чувството на крај е PRICELESS!!! Не знаете колку ми е убаво во овој момент додека го пишувам ова.
Не чекајте!”




Претходна статијаМу истече забраната да и приоѓа на Карлеуша, а сега се огласи дека е хуманитарец и никогаш не „кренал рака“
Следна статијаНаташа Беквалац си ја отвори душата и откри кој емотивен партнер не може да го заборави, САМО ТОЈ МЕ ФАСЦИНИРА