Познатиот млад пејач Петар Грашо и неговата вереница Хана овој месец ќе го изговорат судбоносното ,,да” по долгогодишна врска. Веста дека врската помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна по 24 години пред неколку месеци ја изненади јавноста, а веста за новата девојка на хрватскиот заводник ш оки раше повеќе од тоа.
Според хрватските медиуми, Хана Хулиќ е четиринаесет години помлада од Хана Хуљиќ, ќерка на неговиот голем пријател и соработник Тончи Хуљиќ. Грашо претходно долги години беше во врска со Данијела Мартиновиќ на која ѝ пишуваше песни.
Да потсетиме, Петар и Данијела се запознаа во 1995 година на фестивалот „Дора“ во Опатија, а две години подоцна започнаа љубовна врска. Мартина Подгорски, задолжена за комуникација со медиумите на Грашо, потврди дека Петар и Данијела повеќе не се заедно.
– Вистина е дека Даниела и Петар во последниве месеци живееја првенствено на одделни адреси, како од деловни проекти, така и од одредени лични причини – рече Мартина.
По повод врската на неговата ќерка со Грашо, а се огласи и таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ. Имено, тој призна дека разбира дека се крена прашина поради нивната врска, и откри дали ја поддржува својата ќерка кога е во прашање оваа љубовна романса.
-Петар и Хана имаат слични ставови за претставување на приватниот живот во медиумите, а Петар е и одличен семеен пријател. Ако тие се среќни, и колку што можам да видам дека се, тогаш јас и сопругата Вјекослава сме среќни.
Се надевам дека Петар наскоро ќе намали од ова темпо со настапите, за да завршиме со снимање на песната што го чека. Искрено, се надевав дека по 18 години ќе завршиме ново ЦД, но сега би бил среќен со реализација на песната.
Патем, сите луѓе што влегуваат во нашите животи остануваат во нив, а тоа не е засегнато од агрегатната состојба на нивните односи – рече Тончи.
-Јас сум одговорен за сѐ, а Данијела за ништо. Ние живееме на две адреси, во Сплит и во Загреб. Многу патуваме и се случува телефонски да се организираме“, рече Грашо во едно претходно интервју и рече дека тој као маж ги плаќа сметките.
Родителите на Хана, Тончи и Вјекослава, соработувале со популарниот состав Магазин, во кој во 90-те пееше Данијела. Затоа и не е необично то ашто во еден нивен спот од 1993 се појавила и Хана.
Хана во тоа време имала три години, а Данијела 22. Две години подоцна Хана го запонала и Грашо, кој тогаш често доаѓал во нивната куќа по хитови.
Наводно Хана уште од мала имала симпатии кон Грашо, кој во тоа време бил во врска со Данијела.
Данијела и Грашо беа заедно 24 години, а пејачот со ќерката на Тончи почнал, како што пишуваат хрватските медиуми, да се забавуваат минатото лето. Заедно се видени во центарот на Загреб и во Сплит.
Сега тие конечно одлучија да си дадат вечен збор еден на друг, а свадбата ќе се одржи на 19 февруари во Сплит. Иако нивната венчавка првично беше планирана за пролет, парот реши малку да ги забрза работите.
Имено, свечената свадбена церемонија ќе се одржи во црквата Свети Франциско во Сплит, а ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството и пријателите, а на списокот на гости ќе се најдат и некои од познатите имиња на јавната сцена.
Инаку, свадбена кума на Хана ќе биде нејзината добра пријателка Доменика Жувела. Неодамна во јавноста излезе информација дека Хана и Петар наскоро ќе ја играат улогата на родители, а радосната вест за медиумите ја потврди и идната мајка.
– Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да ни останат приватност – изјави таа во една прилика.
Инаку, таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ, ја благословил врската меѓу својата ќерка и пејачот, па истакнал дека е горд што наскоро ќе стане дедо.