ТАЊА САВИЌ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ: рече дека оди далеку, но само за едно нешто ќе и биде тешко

0

Тања Савиќ, една од најпопуларните пејачки од помладата генерација. Кога се во прашање нејзините настапи во Србија, пејачката истакнува дека е повеќе од задоволна од нивната посетеност.




– Каде и да пеев, имаше многу публика и можам да се пофалам со прекрасната комуникација со мојата публика. Во моментов сум пресреќна од мојата кариера – вели таа.




Тања е верна на својот стил, но и на природниот изглед и вели дека нема намера да го менува.

– Мојот физички изглед не се промени премногу во последните години. Се трудам да си го зачувам идентитетот и да бидам препознатлива за луѓето. Не сакам да изгледам или да се облекувам поинаку во однос на моите години – гордо истакна пејачката на многу хитови.




– Имам големи планови за мојата кариера. Кога станува збор за новиот албум, сакам до крајот на оваа година тој да го види светлото на денот, а следната година да организирам голем солистички концерт – вели Тања Савиќ.




Се чини дека љубовниот живот на Тања Савиќ никогаш не бил поактуелен. По бурниот развод од Душан Јованчевиќ поради при силното земање на нивните синови, кои Тања едвај успеа да ги врати во Србија од Австралија, таа влезе во романса со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.




Иако Тања никогаш не сакала да зборува за оваа врска, се чини дека е посреќна и позадоволна од кога било, барем судејќи по изгледот, насмевката која ја краси, како и заедничките фотографии кои се појавија во јавноста неодамна.

Taња се подготвува за американска турнеја, поради што е многу возбудена. Како што рече, 11 години не е во ветената земја и едвај чека повторно да им запее на нашите што живеат таму.




Пејачката открива и дека ќе и биде тешко да се раздели од синовите Максим и Џорџ, но дека се потрудила се да организира и дека ништо нема да им недостасува додека таа да се врати.

– Многу сум среќна што ќе одам во Америка и што по повеќе од една деценија ќе ги посетам Лас Вегас и Чикаго.




Имам многу блиски пријатели таму, но и познаници во други градови, па се надевам дека ќе се дружам со нив на моите настапи. Едвај чекам повторно да ги видам сите – вели Тања, додавајќи дека синовите овојпат нема да патуваат со неа.




– Откако децата се со мене, ова е првпат да бидеме разделени на малку подолг период. Сепак, организирав се, за да не го почувствуваат моето отсуство. Таму се мојата сестра и моите родители, па ги оставам во сигурни раце.

Ништо нема да им недостига, а јас ќе се вратам за две недели. За среќа, денес имаме современи методи на комуникација, па секојдневно ќе се слушаме и гледаме преку камерата на нашите телефони – вели Тања.




Претходна статијаПејачот ќе се жени овој месец, еве каде ќе биде свадбата и кој сè ќе присуствува, се огласи и таткото на невестата
Следна статијаМу истече забраната да и приоѓа на Карлеуша, а сега се огласи дека е хуманитарец и никогаш не „кренал рака“