Познатите и популарни „Штрумпфови“ се белгиски стрип и телевизиска серија посветена на група мали сини измислени суштества наречени Штрумпфови, создадени и за првпат претставени како низа на стрипови од белгискиот карикатурист Пејо (псевдонимот на Пјер Килифор) на 23 октомври 1958 година.
Оригиналниот збор и сета останата придружна терминологија Пејо ги измислил за време на оброк со неговиот колега и пријател Андре Франкен на белгиското крајбрежје. Во моментот, заборавајќи го зборот “сол”, Пејо го замолил пријателот да му го подаде онаквото, односно, штрумпфот.
Франкен шегувовито му одговорил: “Еве ти го штрумпфот – кога ќе завршиш со штрумпфување, штрумпфни го назад…” и двајцата го поминале викендот зборувајќи на “штрумпфски јазик”. Името подоцна било преведено на холандски како Smurf, кое било усвоено и на англиски јазик.
Во времето кога ја добил идејата за Штрумпфовите, Пејо бил творец, уметник и писател на француско-белгиски стрип серии со наслов Јохан и Пирлуи (преведени на англиски во Јохан и Пјуит) со центар на случување во Европа за време на средновековието, вклучувајќи елементи со мечеви и волшепства.
Јохан му служи на кралот како млад храбар благородник, а Пирлуи (се изговара Пиир-луу-и) врши улога на негов верен џуџест придружник.
Во 1958 година, списанието Спиру започнало да ја објавува приказната за Јохан и Пирлуи, Флејтата со шест дупки. Авантурата ги вовлекува во наоѓање на магична флејта, за што било потребно малку магија од волшебникот Омнибус.
На тој начин тие ќе сретнат едно мало суштество што личи на човек и има сина кожа, облечено во бело по име Штрумпф, кој го следат голем број на суштества кои изгледаат исто како него, со постар водич кој носел црвена облека и имал бела брада.
Нивното прво појавување е објавено во Спиру на 23 октомври 1958 година. Ликовите постигнале голем успех, а првите независни приказни за Штрумпфовите се појавиле во Спиру во 1959 година, заедно со првата реклама.
Штрумпфовите споделиле повеќе авантури со Јохан и Пирлуи, добиле свои серии и сите наредни изданија на оригиналната приказна, која е преименувана во Флејтата на шесте штрумпфови (исто како насловот на филмската верзија на приказната).
Со комерцијалниот успех на Штрумпфовите дојде и рекламната империја на штрумпфовски минијатури, модели, игри и играчки. Цели колекционерски клубови се посветени на собирање пластични штрумпфови и друга штрумпфовска трговска стока. Во 2011 година, Мекдоналдс пуштил линија играчки, вклучувајќи ги сите познати ликови, како Веле Штрумпф и Бебе Штрумпф.
Штрумпфовите имале големо влијание на децата кои растеле во 80-тите години, најмногу поради истоимената популарна телевизиска анимирана серија која се прикажуваше и кај нас и многуи генерации израснаа со доживувањата на овие анимирани ликови.
50-годишнината од постоењето на Штрумпфови и 80-годишнината од раѓањето на нивниот создавач Пејо, биле одбележани со издавање на колекционерски монети со висока вредност: белгиската комеморативна монета од 5 евра по повод 50-годишнината од Штрумпфовите, искована во 2008 година. Во 2011 година, излезе филм по име Штрумпфови.
Реплика која и денес се повторува е: Уште колку Велештрумф, кога малиот штрумф на главниот водач му вели: Уште колку мкога е изморен од нивните патешетсвија. Тој одговара: Уште малку. Паметите ли чив глас се крие токму зад Велештрумх.
Тоа е нашиот познт актрер Гоце Тодоровски, кој има изиграно безброј театарски, филмски и театарски улоги, и иако официјално се пензионираше се уште неговиот глас се слуша во турските серии кои ги надсинхронизира. Но, гласот на Велештрумф кој го донесе Гоце Тодоровски.
На крајот секоја приказна заврпуваше токму си нивните имиња, а ги читаше Гоце Тодоровски: Текстот го преведе Хорват Анета. Штрумфуваа артистите: Таска Балабанова, Зорица Георгиева, Димче Мешковсмки и Гоце Тодоровски“. Гоце е всушност и гласот на штрумфот Љутко, а гласот на Гаргамел е на Димче Мешковски.
Оваа улога на Гоце е многу значајна, како и на Димче и на целата екипа затоа што генерации и генерации заспиваа токму со нивните гласови кои им беа омиленаи на децата, но и на возрасните.