Да, точно е дека во Америка речиси никој не носи маска, ама ќе ви кажам зошто

0

Во Соединетите Американски држави живеам неколку години. Од почетокот на оваа пандемиска криза, имав можност да видам како една од најмоќните држави во Светот, се справува со ситуацијата.




Можам да кажам дека на почетокот, како да беа изненадени. За само неколку денови, при крајот на март и почетокот на април 2020, се испразнија маркетите. Сепак, луѓето независно каде живеат, се водат од сличен инстинкт, да обезбедат залихи од храна за „не дај Боже“.




Но за многу кратко време, тие се организираа и почнаа да функционираат според новите правила. Голем проблем на почетокот беше да се обезбедат маски и средства за дезинфекција, но со текот на времето тоа се регулираше.




Потоа следуваше еден долг тежок период, кога имаше многу позитивни и упокоени. Претежно тоа беа постари лица од домовите за стари, бидејќи Америка е земја во која е долг животниот век.




Со пронаоѓањето на вакцината, почна процесот на имунизација, некаде во јануари оваа година. Луѓето дисциплинирано си ги закажуваа своите термини и масовно се имунизираа.




Летово дојдов во татковината. Со оглед на стивнувањето на ковидот во месеците јуни и јули, навистина се почувствував како во старото нормално, а можев и да се видам со старите пријатели и да прошетам по убавините на нашата земја.




Но во месец август, со почетокот на новиот бран од вирусот, како да се вративме во новата, тешка реалност. Забележав големи реакции меѓу населението по воведувањето на новите мерки, за ограничување на влезот во угостителските објекти, за оние кои не се имунизирани.




При разговори со свои пријатели, бев осудуван, зошто се согласувам со мерките  и се залагам секој кој може, му дозволува здравјето, да биде имунизиран. Нивната забелешка беше дека гледаат фотографии и снимки, како во земјата во која живеам и работам, Америка, не се носат маски во затворени простории и нема мерки.




Да, се согласувам дека е така, дека сега маски не се носат, односно носат многу мал број луѓе, но не се согласувам дека не се почитуваат мерки. Тука луѓето беа толку совесни дури кризата земаше најголем замав, што не ни беше потребно државата да притиска за почитување мерки.




А зошто сега не се носат маски во затворен простор. Па затоа што преку 70 проценти од луѓето се имунизирани! Од кого ќе се заразат во една ваква ситуација? Лесно им е на властите да ги олабават мерките, кога населението имало виока свест и се имунизирало.




Но пазете, тоа не важи за секаде. Америка е голема и има држави каде процентот на вакцинирани е помал и токму таму сега новиот бран има најголема сила. Во Њујорк и Њу Џерси, кај што сум јас не е така и на повидок е враќање на стариот начин на живот!




Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски: Би било фер, ученикот да не оди на училиште доколку некој од неговото семејство е позитивен
Следна статијаАна Бекута без грам шминка како по дома, во друштво на двајца познати наши пејачи (ФОТО)