Ана Бекута без грам шминка како по дома, во друштво на двајца познати наши пејачи (ФОТО)

0

-Сум сретнал луѓе што сметаат дека сум арогантен, дека со мене не може да се разговара, а напротив, јас сум многу комуникативен човек„, изјави во едно интервју за Фешнел нашиот познат пејач Александар Тарабунов.




-Мене не ми е проблем да застанам и со секого да направам муабет – тоа и го правам. Сакам да се дружам, моето мото е дека колку повеќе пријатели имаш, толку си побогат човек, затоа што од секого можеш да научиш по нешто – смета тој.




Сепак, вели, најмногу учи од својот татко Ванчо, што одлично се надоврза и на нашето прашање, каков е Ванчо Тарабунов како татко.

-Тоа значи дека до мене имам и живеам со голем уметник, во вистинска смисла на зборот. Тој е динамичен и интересен човек, кој многу гласно зборува, што не е лесно секогаш.




Но, од него навистина научив многу работи, што на ниту едно друго место ги нема, без разлика дали се работи за музика, или воопшто животот – како да се однесувам, да донесувам одлуки… Кај него посебно го почитувам тоа што е праведен човек и што тоа што го мисли или му пречи го кажува в лице, без влакна на јазикот. Како созревам, така градиме сè подругарски однос – раскажува Александар за Фешнел.




Тој додава дека често го носи на неговите настапи и дека воопшто не чувствува никаков притисок.

-Во секој град од Македонија, татко ми има макар еден пријател, и тие наши заеднички патувања ги доживувам како авантура. Има деца на познати родители што паѓаат во нивна сенка. Тоа се случува и тука во Македонија, а и надвор.




Јас во ниту еден момент не почувствував дека сум во сенка на мојот татко, напротив, презимето што тој веќе го оставил ми донело повеќе, ми се отвориле врати. Но, тоа не значи дека ургирал за нешто.




Јас сам се борам за своето место, а и за различни музички стилови се работи. Тој е во народната, јас во поп-рок музиката. Ми помогнало тоа што го познаваат многу луѓе. Тие ќе кажат „Еве го синот на Тарабунов“, но и ќе додадат дека „И тој е добар“…




Ако си во нешто навистина добар, тогаш нема потреба да бидеш во сенка на родителите, може само да биде плус. Тој ме научи да свирам на гитара. Ми помага во компонирањето, почнавме и заеднички да работиме песни, народни, каде што јас правам музика, а тој текстот, и веќе докажани музичари ги снимија.




Ми лежи народната музика, со неа сум растен. Татко ми навистина остави многу, а мислам како растам, дека сè повеќе личам на него и го одам патат како него. И генерално, моите родители се моите херои“, рече пејачот.




Негов добар пријател е колегата Огнен здравковски, а и двајцат5а на Фејсбук објавија слика до една иста дама. Странува збор заАна Бекута, со која се сликани во опуштено издание.

Ана на сликата е со фустан и со рамни чевли, ама и без шминика, а Огнен кој ја познава како дел од жирито во шоуто Звезде Гранда каде што тој учествуваше рече: Средба вон сцената на Ѕвездите на Гранд, Ана Бекута.

Тарабунов пак вака ја опиша средбатра со оваа голема и позната пејачка: Прекрасен ручек со Ana Bekuta, Жена лавица!

Претходна статијаДа, точно е дека во Америка речиси никој не носи маска, ама ќе ви кажам зошто
Следна статијаМаријана од Австралија порача: Сè уште сме позитивни (ФОТО)