Наш познат музичар заглави пред лифт со Цеца (ФОТО)

0

Феноменот Цеца, „дрма“ на Балканот скоро триесет години. Многу генерации израснаа со нејзините хитови, а несомнено, според возраста на публиката која доаѓа на нејзините концерти, слично ќе биде и во иднина.




Светлана Ражнатовиќ помина низ многу премрежја во животот, и од сите нив излезе победнички и уште поголема. Силна и харизматична жена, на која и симнуваат капа и оние кои не ја преферираат нејзината музика како жанр..




Денес е турбо фолк икона, а почетокот и беше со песната Цветак – зановетак. На овој фестивал добила две награди – од жири и публика. Денес Цеца зад себе има 15 албуми. Најголемиот концерт го одржа во 2006 на Ушче пред повеќе од 120.000 луѓе.




Низ годините наназад, многумина сакаа да ѕирнат во приватниот живот на Цеца, но таа тоа не го дозволуваше. Дури сега, кога нејзините деца пораснаа, Цеца дозволи да се дознае за нејзиниот партнер, Белградскиот бизнисмен Богдан Срејовиќ.




– Воглавно не сакам луѓето да пишуваат за мене секој ден, ако ме прашате. Поточно за раѓањето на Жељко, ништо не ми пречеше. Бев толку среќна што можев да одам по улицата и на сите да им кажувам колку сум среќна“, изјави Цеца Ражњатовиќ во едно интервју.




-Мене ми пречеше и ми пречи кога се објавуваат невистинити информации и кога се градат приказни засновани на објави на Инстаграм или лажни сметки на споменатата мрежа.

И мене ми пречи кога весник или портал свесно објавува лага, а следниот ден тие бараат изјава дека го негирам сето тоа.




Сето тоа може да се сведе на иста реченица – непрофесионалност. Се обидувам да имам добра соработка со седмата сила, секако дека варира. Сè зависи од тоа како кликнувате со уредникот и колку сте подготвени да дадете. Како и колку тие знаат да го ценат тоа.




На крајот, луѓето прават погрешен пристап и остваруваат краткорочна соработка. Сакам стабилни и нормални деловни луѓе со кои, кога ќе се согласите за нешто, така функционира“, изјави Цеца за Курир.рс во времето пред да биде во врска со Богдан Срејовиќ.




Цеца периодов наназад имаше многу настапи низ целиот Балкан. Не е исклучок ниту Македонија, каде српската ѕвезда е особено ценета и почитувана. Нема лето, а Цеца да не дојде во повеќе градови во Македонија. Се прераскажуваат нејзините настапи на пиваријадите, особено во Прилеп.




Цеца и деновиве има настапи во нашата држава, а вчера се појави во ноќниот клуб Егоист, во Охрид.Присутните велат дека имала спектакуларен настап, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии од концертот.




Нашиот познат музичар, клавијатурист, Дејан Дени Дичевски, кој во минатото настапуваше во бендот на Жаре Бербер, а последните години е неразделен со Јоце Панов, вчера на својот профил го најави концертот на Цеца, со видео од тонската проба пред настап.




Подоцна, Дени објави фото, во прегратка со српската ѕвезда, пред лифт, најверојатно во хотелот во кој престојувале музичарите пред концертот.

Претходна статијаНи вирус ни бутур на Цеца во Охрид, сите „еден врз друг“, то Цецо! (ФОТО)
Следна статијаВики Клинчарова: Утринава ме разбудија цркотници – пред врата викање, се дере некој