Само браната да не попушти – Германците сега се молат, бидејќи може да стане многу полошо

0

Германија сè уште се справува со поплавите кои однесоа повеќе од сто животи и ун иштија бројни станбени и трговски објекти, а веќе се за канува нова опасност.




„Изненаден сум од овие бројки. Рекордите се соборени во голема мера. Сега влеговме во непосакуван домен, и тоа порано од предвиденото“, рече Дитер Гертен, професор по климатологија и хидрологија на глобалните промени на Постдамскиот институт за истражување на климатските влијанија.




На научниците ќе им треба повеќе време за да проценат во која мера човечките постапки се причина за временските непогоди во Германија, но уште сега тврдат дека рекордните поплави се во склад со пошироките светски трендови.




Ублажувањето на последиците од климатските промени е едно од темелните прашања со кои се занимава Европскиот парламент. Во јуни 2021 година, со усвојување на европскиот пропис за климата, Парламентот отвори пат за други амбициозни цели, намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина во Европа за 55 проценти до 2030 година и постигнување климатска неутралност до 2050 година.




„Со климатските промени очекуваме сите хидрометеоролошки крајности да станат поекстремни. Иако бројките се поголеми од она што го очекувавме, она што го видовме во Германија главно е во склад со тој тренд“, рече Карло Буонтемпо, шеф на одделот за климатски промени на институтот за одржлив развој Коперник, во холандскиот Утрехт.




Во прилог на неговата теза оди и податокот дека седумте најтопли години, откако се мерат температурите, се случија од 2014 година до денес, а се смета дека таквото затоплување е предизвикано од издувните гасови од моторите, горењето на шумите и други човечки активности. Компјутерските модели предвидуваат дека рекордите ќе се рушат сè повеќе и на сè повеќе места ширум планетата.




Се стр авува дека огромната брана во близина на Келн, која исто така е под налетот на поројните поплави, може да попушти.

Властите наредија евакуација на жителите на неколку села на југот од регионот затоа што сметаат дека браната Штајнбах може да пукне и да предизвика нова ка та -строфа, пишува Нов градежен инженеринг.




Досега околу четири и пол илјади луѓе ги напуштија поплавените региони и тешко дека ќе се вратат наскоро во своите домови бидејќи синоптичарите најавуваат нови врнежи.

Инженерите и пожарникарите црпеа вода од резервоарот цела ноќ, намалувајќи го нивото на водата за околу два сантиметри.




Локалните власти утрово издадоа соопштение во кое се вели дека ситуацијата е стабилна, но сепак е многу сложена. Водата се уште се испумпува, а кракот на автопатот 61 е затворен заради безбедност.




Браната е изградена помеѓу 1934 и 1936 година, а детално е обновена од 1998 до 1990 година. Резервоарот опфаќа повеќе од четиринаесет хектари земја, е на својата најдлабока точка длабока повеќе од 17 метри и има капацитет од еден милион кубни метри вода.




Се стравува дека другите брани во областа се во опасност од пукање поради обилните врнежи од дожд. Езерата на браната Рурталспер, како и Бевер кај Радевормвалд пресушуваат, а на жителите им е наредено веднаш да ја напуштат областа заради нивна безбедност.




Претходна статијаИма пет причини зошто раковите се посебен хороскопски знак
Следна статијаЗаврши нашето, дали ти е тоа јасно? Туристи тврдат дека биле сведоци на кавга на познатиот фолк пејач со жена му