По Рашела лани, годинава ќе јава Александар Пандов: Ќе се обидам да ви ја пренесам убавината на Македонската земја

0

Илинденските маршеви се традиција која трае повеќе од 40 години. Најпознати и можеби највтентична организација, прават Лисичани, но коњаници за Илинден тргнуваат и од други делови на нашата земја.




Во минатото овој настан беше одбележуван и на државно ниво, па така, во 2016 година, владата предводена од тогашниот технички Премиер Емил Димитриев, на својот сајт извести за дваесет и седум коњаници од Горно Лисиче кои тргнаа на традиционалниот илинденски марш кон Крушево каде што ќе стигнат на Денот на Републиката 2 Август – Илинден.




Придружени од фаланга составена од дваесетина членови – играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, коњаниците тргнуваа од паркот „Јане Сандански“ во Аеродром и, минувајќи низ главните булевари на општината, стигнаа во Горно Лисиче каде во црквата „Свети Петар и Павле“ добија благослов за претстојниот шестдневен пат.




Организатор на манифестацијата е Здружението „Илинденски марш 1978“ од Горно Лисиче, а покровител на нејзиното тогаш, 38-мо издание, беше премиерот Емил Димитриев.




Тој во говорот истакна дека со оваа манифестација се зачувува споменот за славната илинденска генерација, искажа задоволство што со ентузијазам и емоции се чува една традиција и ги поздрави сите учесници на коњичкиот марш.




– Тоа е дел од нашиот идентитет, тоа е дел од нашето постоење како народ, тоа е нашата историја, а како што вели една убава мисла: „Историјата е сведок на времето, светлина на вистината, живот на спомените, весник на минатото и учителка на животот“.




Токму затоа, да ги чуваме и да ги пренесуваме на следните генерации спомените за славните илинденци, спомените за тоа како се сака и како се гине за Македонија, рече Димитриев, прогласувајќи го почетокот на „Илинденскиот марш 2016“.




Тогашниот Градоначалникот на Скопје пак, Коце Трајановски, во обраќањето на собирот рече дека маршот кон Крушево симболично значи марш кон слободата, марш за самостојна, обединета и слободна Македонија зашто, како што рече, во 1903-та вакви маршеви од цела Македонија биле упатени кон славното Крушево.




Традицијата и покрај пандемијата, продолжи и лани. Поранешната техничка Министерка за труд и социјална политика, а сега пратеник во македонскиот Парламент, Рашела Мизрахи, на својот профил на социјалните мрежи, постираше фотки качена на коњ, над кои гордо напиша дека и е чест што во 2020 година, токму таа ќе биде предводник на коњицата од село Зубовце до Крушево.




Гостиварско Зубовце е инаку родното село на истакнатиот член од Унијата на ветерани на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлевски.

„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.




Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата!

Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!“, напиша Мизрахи на својот профил на социјалните мрежи“, напиша тогаш Мизрахи.

Оваа година, уште еден висок член на ВМРО-ДПМНЕ, се пофали дека ќе јава кон Крушево. Тоа е претседателот на Патриотскиот институт на партијата, Александар Пандов:




„Браќа и сестри имам огромна чест и привилегија во наредните осум дена да бидам учесник во коњаничкиот марш ,,Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче”.

Ќе се обидам преку слики и видеа да ви пренесам мал дел од убавините на Македонската земја на патот од Гостиварско Зубовце, до славно Крушево, каде за Илинден на 2-ри Август ќе се поклониме и положиме цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен. Се гледаме во Крушево!

Да Живее Република Македонија. Слобода или См -рт!“

Претходна статијаГрадоначалникот на Штип Сашко Николов спасил жена од ДАBЕЊЕ
Следна статијаПандев ловориките за целиот успех не си ги препиша себе си, туку на друг човек (ВИДЕО)