Ленче Кукиќ проговори за голготата која ја поминала со вирусот

0

Горан Кукиќ победи во музичкото шоу „Никад није касно“ во 2016 година, а неговата сопруга Ленче Кукиќ однесе две победи во 2019.




Ленче и Горан иако заедно настапуваат со нивниот бенд, ретко можеме заедно да ги видиме пред камери во некое заедничко интервју.

Неодамна тие за првпат застанаа пред објективот на „Гранд оналјн“ и го дадоа своето прво заедничко интервју во кое открија детали од приватноста.




Ленче и Горан открија како ги делат професионалните и домашните обврски, кога се разделуваат, кој има поголем авторитет кај нивниот син.

На прашањето како наоѓаат заеднички јазик кога се заедно, пејачката вели:




„Јас можам да кажам од женска страна, го решаваш истиот проблем, jа работиш истата работа, се надополнуваш, сфаќаш дека не можете еден без друг“ вели Ленче.

Ленче вели дека не само работните обврски, ги делат и домашните обврски, па кога нешто не може Ленче да заврши тогаш е тука Горан да и помогне.




Ленче и Горан открија како го поминуваат своето време кога не се заедно. Се случува и тоа.

На пример, јас ги завршувам моите обврски во студио, Ленче е дома и завршува домашните обврски“ вели Кукиќ, а Ленче додава дека таа го користи и слободното време за да оди и на кафе со пријателки.




Наследникот на Ленче и на Горан , Иван Кукиќ е исто така познат и успешен музичар, тој свири бас и е дел од триото на Влатко Стефановски. Ленче откри кој има поголем авторитет кај синот.

„И двајцата имаме авторитет кај Иван. Имаме разбирање, Иван е добро момче, послушно. Ние сме задоволни“ вели Горан.




Иван студираше на Музичка продукција и дизајн на звук на Белградската Академија за уметностите. „Белград како град ме поврзува бидејќи мојот дедо потекнува од Белград и уште како мал одев таму и го засакав градот.




Истражувајки по интернет ја најдов Академијата на уметностите и така одлучив да студирам таму“, изјави тој за Хаштаг.мк

Ленче Кукиќ неодамна за ФОКУС, проговори низ што сè поминале таа и нејзиниот сопруг Горан, во бо рбата со вирусот:




-Цели петнаесет дена бевме на кислород со Горан. До толку ни беше лоша ситуацијата, што еве и по неколку месеци, ние се уште закрепнуваме. Да се опоравиме, па потоа и ќе се вакцинираме.




Сега се трудиме со здрав начин на живот да си ја вратиме силата, полека се движиме напред, во добар правец. Овој вирус е навистина непредвидлив, народот мора да биде внимателен, да се заштити – вели популарната пејачка.

Додава дека во периодот кога се бореле за здив, голема надеж им давал персоналот во болницата Осми Септември во Скопје.




Ги нарекува херои на денешницата и преблагодарна им е за се што сториле за нив, во периодот кој никогаш нема да го заборават, рече меѓу другото за Фокус Кукиќ.

Претходна статијаКолева: Просечната плата забрзано ита накај 30 илјади
Следна статијаУбавата водителка Милена со чудна порака: Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово!