Колева: Просечната плата забрзано ита накај 30 илјади

0

Продолжува трендот на раст на платите. Во мај оваа година просечната плата изнесувала 28.721 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331 денари за една година.




Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите:

Уметност, забава и рекреација (29,0%); Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7%) и Други услужни дејности (14,4%).




Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се: Информации и комуникации; Финансиски дејност и дејности на осигурување и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.




Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша Премиерот Заев завчера на својот профил на социјалните мрежи.




Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални резултати потврдени со официјални економски податоци. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари – истакна на вчерашната прес конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.




“Тоа е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.

Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.




И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори.




Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.




Сето тоа се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.

СДСМ е партија посветена на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.




Затоа, продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса за сите”, истакна Колева.

Претходна статијаВи текнува ли на „Свирете ја Зајди, зајди“ – Калиопи објави фото, еве како изгледа денес Олгица Христовска
Следна статијаЛенче Кукиќ проговори за голготата која ја поминала со вирусот