Убавата водителка Милена со чудна порака: Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово!

0

Една од најшармантните наши водителки, Милена од Канал 5 е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што во една прилика објави фотка и напиша:




-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…




Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!




Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење. Но, човек учи додека е жив нели..

Водителката Милена во април месец објави слика од плажа од Анталија на која се гледа дека одлично изгледа во бикини и порача:




-Kога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање“, напиша Милена на Фејсбук.

По одморот, таа му се врари на своето работно место, во Канал 5 и објави интересен статус за тоа како се чувствува:




-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.




Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место.

Милена вчера, на својот профил на социјалните мрежи, напиша чуден статус со кој замисли многумина:




„Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово! Оваа мисла во последно време често ме следи…Во моментот кога ќе се случи тоа, веќе се губиш себе, а тој или таа од другата страна зема замав и си дава сила.




Без разлика дали е за работа и во љубовта, никогаш не треба да се даваме целосно затоа што така несакајќи им даваме до знаење дека секогаш сме им на располагање и мислат дека треба да постапуваме онака како што ним им одговара.




Ниту моментите не треба да ги земаме здраво за готово затоа што може никогаш повеќе да не се повторат. Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте.




Инвестирајте пред се’ во себе си, во градење и растење на својата личност и што е многу важно, вложувајте во децата.

Тоа е најисплатлива инвестиција која може нема да даде инстант повратен ефект, но после години ќе вроди со плод. Го знам тоа од моите родители. Почитувајте и ценете!“




Претходна статијаЛенче Кукиќ проговори за голготата која ја поминала со вирусот
Следна статијаЗаев проговори за Груевски и за тоа како планираат да го вратат назад