Нада Топчагиќ распали по Саша Поповиќ: „Јутро је“ благодарение на Ибра се пееше на Сан Ремо, а не може на Гранд

0

Една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија во осумдесеттие и деведесеттите години беше Нада Топчагиќ.

Пејачката стана повторно популарна благодарение на светски познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој со нејзината песна „Јутро је“ се појави на сцената на фестивалот Сан Ремо.

Нада вели дека се знае со таткото на Златан, Шефик но не знаела дека му е омилена пејачка бидејќи не биле во контакт.

Сепак, му е благодарна што повтрно и ја врати популарноста и сега сите ја пејат „Јутро је“.

Затечена сум,, регионот „го ри“. Златан растеше со мојата музика и татко му ми кажуваше дека синот тренира фудбал во некој локален клуб во Шведска. Му благодарам што ми ја врати популарноста-вели српската пејачка.

Пејачката Нада Топчагиќ која стана многу актуелна од Вардар па до Триглав откако светски познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го отвори фестивалот “Сан Ремо“ со нејзината песна “Јутро је“, а која потоа стана мегахит и кај самите Италијанци, тотално е разочарана од колегите на естрадата.

Српската пејачка на народна музика не може да ги изброи сите песни што ги снимила во нејзината долга и богата кариера, но тоа не помага да живее удобен живот денес.

Нада во интервју за српски „Ало!“ признава дека не е во сјајна финансиска состојба и дека целото нејзино семејство и е „на грб“.

– Едвај. Честопати велам дека сме сиромашни. Немаме ништо. Нема кули, градови. Никој не прави ништо во мојата куќа. Јас ги издржувам сите. И син и снаа. Само јас. Тешко е .. – рече Нада, иако има куќа на Тара и стан во Белград.

Нада зборуваше и за колегата, Маринко Роковиќ, со кого шоуто на Саша Поповиќ минатата година бурно се испокара.

– Ние не зборуваме. Тој е добар, тој е добар човек, исто како и јас, но ете… Се случи тој немил настан … Дури и денес не знам кој е виновен и дали има некаков договор меѓу него и Саша Поповиќ да се шегуваат со мене, да ме испровоцираат … Не знам што се случило, но ете, не сме се помириле.

Сега кога би му пришла, тој ќе рече: „Ти си виновнна“, и ќе се појави хаос повторно. Не вреди. Растевме на сцената заедно и жал ми е што не зборуваме сега, но нема непотребно да се изложам на стрес, признава пејачката.

Особено од Саша Поповиќ кој и понатаму е главна фаца во “Ѕвездите на Гранд“. – Сè се смени, а со тој Поповиќ кој се наполни со пари не се прави муабет. Додека Лепа Брена сè уште беше во Гранд, сè беше поинаку.

Тогаш јас бев најактуелна, сега повеќе немам каде да се претставам со новите песни. Не знам зошто му пречам на Поповиќ?

Да беше некој колега тој ќе ме поканеше во живо во “Ѕвездите на Гранд“ да ја отпеам култната песна “Јутро је“.

Ќе имаше многу гледана емисија и ќе си фатеше повеќе реклами. Замислете го вие тој парадокс. Таа песна е испеана на “Сан Ремо“, а не може на сцената на “Гранд“.

Па, кој е тука повеќе од луд, огорчено запраша Нада Топчагиќ која е позната како личност која никому не премолчува кога нешто ѝ пречи.

Претходна статијаСкопјани здраво, како сте – сакам нешто да ве прашам: Со сила ли ве тера некој да одите во Охрид?
Следна статијаИванов: Еве како Бог ни помогна да ги платиме долговите за Проект Куќа со Кристина