Скопјани здраво, како сте – сакам нешто да ве прашам: Со сила ли ве тера некој да одите во Охрид?

0

Би сакал да ве поздравам и да ви ја предочам причината поради која сакам да ја објавите мојата реакција. Имено, два дена по ред, читам како се жалат луѓе од услугата во Охрид.

Јас сум од Велес и најпрво сакам да напоменам, дека половина од мојот живот, го имам поминато во странство. Имам тони искуство со луѓе, со локали, имам престојувано, но и работено во ресторани во туристички центри.

Не Охрид, не Дојран, не Грција, Германија, Италија, ќе ви кажам дека сегде е исто. Разликата помеѓу квалитетен ресторан, пицерија, кафетерија или шо и да е и неквалитетен, е во умешноста на менаџерскиот тим да ги организира своите вработени.

Се надевам дека оние кои пишувале не се тенденциозни, туку ете, сега е сезона на годишни одмори и поради ситуацијата со вирусот, повеќето се во Охрид, па затоа и најголемиот број жалби се од таму.

Јас ќе ви раскажам една случка од еден елитен ресторан во скопската населба Аеродром (името го оставам на редакцијата на порталот).

Седнавме со сопругата и пар наши пријатели. Ресторанот во средина има дури и витрина во која се зрее месо! Значи, сè укажуваше на тоа дека услугата треба да биде врвна.

Прво, кога дојдовме и најдовме слободна маса, истата не беше расчистена од претходните гости. Уште повеќе, бидејќи седевме на терасата (патем тоа не е никаква тераса, заградено е од сите страни, со мали отвори горе), имаше и пепел на масата. Гнасно, кратко речено.

Така седевме без никој да дојде добри 40 минути. Потоа, дојде еден конобар и нарачавме две кафиња, цеден портокал, обична вода и кисела вода.

Првичниот план беше да појадуваме, но си рековме вака: ако чекавме 40 минути да дојде конобар, којзнае колку ќе го чекаме јадењето да го подготват и да го донесат.

Нејсе, конобарот заборави да донесе еден пијалок од нарачката, поточно киселата вода. Чекавме уште 10-15 минути.

И сега шо праиме бе Скопјани? Ете, во Скопје се случи ова и тоа во еден од вашите најелитни ресторани во населба Аеродром. Јас веднаш реков дека тука повеќе моја нога не стапнува.

Но, кога размислив подобро, сфатив дека во моментов, на газдите на рестораните им е многу тешко. Едноставно, нема кој да им работи веќе. Со пандемијава и особено сега откако се смири, многумина својата среќа ја побраа надвор од нашите граници.

Па така, ако во ресторанот во Скопје треба да има 7-8 конобари во смена, тој сигурно нема повеќе од тројца. Слично е најверојатно и во Охрид. Значи не е дека Охриѓани се вакви или онакви. Кој не би сакал да си направи промет во локалот.

На крајот на краиштата, Скопјани да ве прашам: Со сила ли ве тера некој да одите во Охрид?

Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаКарлеуша сега треба да си ја изеде жири „дипломата“ – еве што му рече таа на Махир во една прилика (ВИДЕО)
Следна статијаНада Топчагиќ распали по Саша Поповиќ: „Јутро је“ благодарение на Ибра се пееше на Сан Ремо, а не може на Гранд