Мартин од Швајцарија: Многумина мислат дека овде во реките тече мед, во езерата има млеко, а од дрвата береме пари – но еве како ствари стоје

0

Мартин Хаџи Иванов во групата Македонци во Швајцарија одлучи да објасни каков е навистина животот во Швајцарија:

-Многу наши што сакаат да дојдат тука ми пишуваат во инбокс (ваљда гледаат во групата дека делам памет) па ова е до сите што ми пишавте и за да не одговарам на секој посебно, еве тука во групата ќе Ви објаснам како стојат работите….

Многу ќе речат: еве го пак, се јави! И да, навистина се јавив! Како Бог!

За разлика од последните коментари, со овој коментар ќе биде поштеден швајцарецот, на тапет дојдовте вие што за прв пат сакате да дојдете Швајцарија и да работите!

Не е само пиши тука и ајде пакување, авионот, те чекаме тука, те сместуваме, те шетаме на екскурзии 10 дена, па ти даваме да си бираш работа и да почнеш!

Дали секој што сака да дојде и бара помош од нас, најпрво седнал дома и чисто на гоогле да напише: Швајцарија!

…па да види дека тука живеат 8 милиона, дека главен град е Берн?! Можеби сакате да дојдете тука и веќе знаете за какво федерално уредување станува збор, претпоставувам и дека темелно и детално знаете дека се простира на 41.285км2, густо населена …има 26кантони и 4 официјално признаени јазици! Религии, нации што живеат, политики, социо-економско опкружување, соседи…

Сигурно (или корегирајте ме сите што сакате да дојдете ако грешам) сте биле и туристистички сте ја шетале СН и сте оделе од кантон во кантон и сте седеле по неколку дена, сте шетале меѓу населените, чисто нели сакате да се преселите тука па да видите каде ќе се пронајдете и каде ќе ви одговара?! Или за прв пат планирате да дојдете?! хм…..

Пријатели, пред да дојдете треба да знаете и на што ќе наидете и како ќе се справите или подготвите да се справите со истото! Треба да се интегрираш, менталитетот да го прифатиш и да научиш да живееш со него!

Ќе дојдеш и ќе почнеш со работа и ќе сфатиш дека тоа е најлесното нешто, откако ќе дојдеш и работиш, вие другари мој се борите да преживеете!!!

Тука од реките тече мед, во езерата има млеко, на пролет кога цвета природата сите сме надвор во природа, на планини, и собрани сплотени заедно, обединети сите на куп… околу дрвата собрани береме пари…. шали, смеи, песни, игра, позитива, тука имаш брда и долини, чокалада си јадеме… и ако падне некоја пара од дрвото не се наведнуваме да ја земеме, на крај коа се ќе набереме… од тие што паднале со гребло ги собираме и правиме расад за догодина нови дрва за вас да има и вие да берете!

Tоа беше сега да сфатиш како замислуваш и навистина како е: (морам вака со фигуративни крајности и описи чисто да се долови гапот помеѓу: замисленото, очекуваното, реалното, непредвидливото и стресното)…

Дозволи ми најпрво следното што ќе го напишам да не те обесхрабрува туку да ставиш на памет и ти како што се познаваш себе никој не те знае тебе, па одлучи си сам! Но запамти, ако ти се пружи шанса- зграпчи ја и искористи ја!

Ќе ти доловам една генерална слика која ќе ти се најде… За разлика од Македонците коi дошле пред 20-30 и повеќе години во Швајцарија, ти ја имаш уникатната можност што они ја немале- интернетот!

Можеш од дома, да земеш да изгуглаш покрај тоа што веќе си бил тука и си го видел и знаеш кој град е за тебе и каде би се пронашол, следствено на тоа и кој јазик да го учиш, да видиш можности за работа, сместување, трошоци за живот, осугурување, даноци, други планирани и непланирани трошоци…

Од страна на Македонецот во групава ќе наидеш на коментари дека животот е тежок, не цветаат рози, друг пак ќе ти каже убаво му е и дека остануваат многу пари. Запамти, што и да прочиташ да знаеш и е така и не е така, се зависи во која состојба си… имено… читај со разбирање што пишувам!

Швајцарија ти е држава која ќе ти пружи многу (ако имаш амбиција, упорност, чесност, трудољубивост, и работливост-ќе ти пружи и многу повеќе од многу), но во исто време е држава која ќе ти одземе доста!

Стандардот е доста висок и можеш да го најдеш удобството во него, можеш добро да заработиш но и можеш многу брзо да го потрошиш заработеното! Има многу луѓе коi живеат од плата за плата и уште неземена платата пола им е резервирана! Има и такви кој имаат кредити, брзи кредити, кредитни картички, отплата на рати итн…

Реципрочна формула е тука и тоа е шаблон функционален систем: можеш и имаш можност за работа и да заработиш за да имаш пари за убав живот, ама нема да имаш време за да го живееш и уживаш убавиот живот! (исклучоци постојат), (во трката по парите во која те втурнува општеството да преживееш и да се чувствуваш сигурност) системот не ти дава ти да си на прво место самиот на себе и те принудува да им слугуваш на парiте и газдите коi ти ги плаќаат парите!

И со твојот мислејќи ценето платен труд, само богатиш друг на сметка на твоето време и преживување кое му го поклонуваш и му стануваш роб на газдата и притоа све тоа го правиш на своја желба за да си донесеш ст рес!!!)… (зборам еднина, мислам на збирна множината, тука и имај на ум дека во се што кажав и посочив има исклучоци па така и овој пат!!!).

Одличен живот тука ќе има оној кој во семејството има 3-4ца вработени со какви такви 3-4плати… каде заедничкот живот и многуте плати не го прават заедничкиот трошок толку видлив! (поделена мака е помала мака), а доколу си сам ти треба да мислиш да платиш сместување и да ги плаќаш: сметки, осигурување (недај боже потреба од франшиза), храната исто така е и повеќе од скапа, на крајот од годината во зависност од заработката си плаќаш сам данок (1000,3000,5000chf…. и нагоре)… и тебе никогаш неможе да ти остане сам толку заштеда поради поголемите трошоци кој ги сношиш, колку што ќе заштеди поединецот што живее во семејство кај што работат 3-4ца. Капиш?!?

Така да све држи вода што ќе прочиташ тука и на предходни коментари од други постови… На крајот на денот да не се повторувам и пак ќе ти кажам:

Све во животот си има цена, твој е изборот и можноста што и како и колку ќе платиш за тоа што сакаш да го имаш!

И друг пат пред да не осудите нас, некогаш со коментарите праќаме порака која не секој знае да ја види и увиди но сите морате да мислите и пред се да знаете каде доаѓате и каде ќе ги правите обидите да се реализирате и да си ја најдете среќата! А не прв пат Швајцарија да ја видиш и одма сместување, работа, македонци се… неќат да помогнат!

Господ рекол: за да ти помогнам, мораш прво самиот на себе да си помогнеш! Храброста е првиот чекор до целта! Што и да одлучиш, сам си ја креираш својата судбина! Среќно и со мудрост! До наредно мое произнесување,

Поздрав, М.

Претходна статијаЕмилија Розман: Времево надвор ме потсеќа на врската со бившиот
Следна статијаКарлеуша сега треба да си ја изеде жири „дипломата“ – еве што му рече таа на Махир во една прилика (ВИДЕО)