Карлеуша сега треба да си ја изеде жири „дипломата“ – еве што му рече таа на Махир во една прилика (ВИДЕО)

0

Сензационалниот победник на последното издание на „Sвездите на Гранд“, за 2021 година е Махир Мулалиќ.

Студентот кој победи во „Ѕвездите на Гранд“, во текот на натпреварувањето имаше бројни настапи со кои ги воодушеви членовите на жирито успеа да стане нивен миленик.

21 годишниот Махир, многумина го споредуваа со Мирза Селимовиќ, кој во текот на натпреварувањето му пружаше поддршка, а победникот на овогодинешната сезона не криеше дека и приватно ги сака и слуша неговите песни..

Тој тесно го победи својот лут противник Исак Шабановиќ од Црна Гора, кога и официјално беше прогласен за победник на 14-тото издание на шоуто кое се одржува и во време на пандемијата.

Махир призна дека пред финалето добил инфузија за сè да биде во ред. Но сите присутни, вклучувајќи ги и милионскиот број на ТВ-гледачи возбудено реагираа кога Махир кажа кому му ја посветува својата победа:

-Мојата мајка не најде сила да ја дочека мојата победа. Таа пред неколку месеци поч ина. Мајко, патувај сега некаде горе, пеј со мене и радувај се на овој мој успех, мајчице моја… беа толку силни зборовите на Махир кој под притисок на емоциите, разбирливо не издржа, па од очите му потекоа солзи.

– Би сакал да ти кажам уште многу убави работи, но ќе го оставиме тоа за нашата следна средба мајко… Го молам бога да ти даде рајски градини и јас ќе продолжам исто како што ти ме научи!

Те сакам, мајко! Луѓе, чувајте си ги мајките… Затоа што кога мајка ќе замине, само тогаш сфаќате кого всушност сте имале покрај вас!

Откако неговиот ментор Марија Шерифовиќ му испрати срдечни честитки, кои ги објави на својот Инстаграм, сега на истата социјална мрежа се огласи и Јелена Карлеуша.

Карлеуша му ја честиташе победата на Махир, а потоа ги коментираше и нејзините финалисти.

„Честитки за мојата Белма и Немања за се што покажаа синоќа во финалето. Белма беше најкомплетниот натпреварувач минатата вечер, нејзиниот настап, пеење, изглед, харизма и енергија беа надвор од конкуренција.

Немања е без сомнение најдобар поп-пејачка годинава. Предвидувам светла иднина во поп-музиката на Балканот“, напиша Јелена и погледна назад кон победникот:

„Секако, му честитам на победникот Махир Мулалиќ кој се бореше како лав во најтешките моменти од неговиот живот, ова е победа за неговата мајка“, додаде таа.

Сепак, денес се појави видеото во кое Карлеуша, во една прилика при квалификациските настапи, не беше воопшто воодушевена од пеењето на младиот пејач и му рече:

„Ти не си за шест гласа, па макар ја се превртам овде“, изјави Карлеуша пред 12 месеци, а Махир не остана должен, па и одговори:

„Преврнете се веднаш“, a Kaрлеуша му одговори: „Бидејќи не доби шест, нема да се превртам, но ти ќе се превртуваш понатаму во натпреварувњето, налутено му одговори Јелена Карлеуша“.

Погледнете го видеото:

 

Претходна статијаМартин од Швајцарија: Многумина мислат дека овде во реките тече мед, во езерата има млеко, а од дрвата береме пари – но еве како ствари стоје
Следна статијаСкопјани здраво, како сте – сакам нешто да ве прашам: Со сила ли ве тера некој да одите во Охрид?