Ич не им завидувајте на нашите во дијаспората – прикаските кои ви ги раскажуваат ко ќе дојдат летно време се напумпани

0

Државите од Балканските простори во последните години се испразнија. Секој кој имаше можност, замина некаде надвор, со надеж за подобар живот.

Многу се зборува за животот во Америка, Австралија, западна Европа. Колку повеќе луѓе се иселија од Македонија, толку поискрени одговори се добиваат како е да се живее во туѓина. Јас ќе раскажам за Америка.

Да знаете, сите приказни кога ќе дојдат на одмор во Македонија, дека тие не знам како живеат во Америка се преувеличени, да не речам комплетна лага.

Овде сум неколку години и можам да кажам дека луѓето се своевидни роботи, кои одат на работа, некои одат и на втора работа, се враќаат дома и спијат. И толку.

Нема никаков социјален живот, нема, или многу се ретки  средбите на пријателите, многу ретко семејството се собира на заеднички ручек, се јаде најчесто ,,од нога”, постојано сте во некаква трка и тоа не за којзнае што. Трката е за да можете овде да преживеете.

Театар? Кино? Културна манифестација? Или ги нема во малите места каде што живеат нашите, или им се прескапи билетите во блиските метрополи како Њујорк, Чикаго, Лос Ангелес… Нигде не биле, чест на исклучоци.

Главна занимација во тоа малку слободно време што го имаат, е да прошетаат во некој трговски центар. Како кај нас Сити Мол.

Сигурно ви се познати многу примери на нашинци кои со години не дошле во татковината. Тоа е така не дека тие не сакаат да дојдат, туку, бидејќи не можат да соберат пари за да купат повратни карти за себе и семејството.

Би ги чинело околу 5-6 илјади долари, сега дури и повеќе.

Навистина се тажни луѓето овде. Најчесто живеат во колективни комплекси, или пак купуваат куќа (најчесто нашите го прават тоа) и се заробуваат за цел живот со кредити.

Секој нашинец овде ќе ви каже дека е осуден да се мачи, за неговите деца да имаат подобар живот.

Е сега, ваквиот живот е разбирлив за некој кој немал за леб во Македонија, кој навистина врзувал крај со крај, па кога ќе дојде овде е пресреќен што има полн фрижидер, бидејќи реално, тоа во Америка не е проблем.

Но, лудост е семејство со пристојни примања да се одлучи да ја напушти татковината. Верувајте.

Затоа, не им завидувајте и не им верувајте на нивните ,,прикаски” кога ќе ви дојдат на гости летно време.

Тоа се тажни луѓе кои живеат цела година за тој еден месец да ви се испофалат и да прошетаат низ татковината.

Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаГоца Тржан прозборе за потомството со Раша и се отвори како никогаш досега
Следна статијаЖиви смешки сте со тоа книгите шо демек ги читате на плажа – ај престанете со глуматарење