Живи смешки сте со тоа книгите шо демек ги читате на плажа – ај престанете со глуматарење

0

Пресмешно ми е ова шо го гледам на плажа не само оваа, туку и години наназад. Легнала на лежалка, кафето (тоа со вода или евентуално млеко шо го праат за цена на лежалките) и книгата се метка лево, десно.

Паѓа под лежалка, се тресе од песок, па пак се враќа на тоа масичето за кафе, или на лежалка врз мокриот пешкир. Во раце најчесто се зема кога треба фотките за на фејс да се направат. Тогаш се главни децата. Они треба да сликаат.

Коконата се мести, вади од торбата за на плажа некое мало огледалце, карминче обавезно, поза насмеана, однодно благо насмеана, бидејќи нели, погледот е во книгата. ОНА ЧИТА!

Е, ама има и такви, од тие пресмешните, што као чита, ама коа ,,спонтано” ја сликаат, гледа у камера.

Чекајте бе луѓенца, женички, мамички, па ако вие преку година и годините наназад не сте прочитале доволно книги, сега ли на плажа ќе го збогатувате вокабуларот. Па кого вие лажете мајко му.

Од една страна помалото дете влегло у вода, му се дереш да излезе, поголемото го викаш да го мачкаш со крем, маж ти од друга страна ти гунца некои небулози,

ама мораш да го слушаш и ти у сето тоа меѓувреме, ја земаш книгата у раце (мрсни од блекап) и читаш две реченици. Абе ајде. Комплексаши едни.

Сеа последните години најинтересни ми се оние шо држат као книга у раце, а у средина им стои мобилниот со отворен фејс.

Она држи во скут некоја тешка филозофија, а всушност куца по тоа тастатурата на латиница, исправа криви дрини, се расправа со луѓе…

Е тука за мажите капата доле. Они брате не држат книги у раце. Нивни главен ,,аксесоар” се темни цвикери, да може да се маскираат од жената, за комотно да зјапаат по туѓи га. зиња и ци .иња по плажа, уз пивце разбира се.

П.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаИч не им завидувајте на нашите во дијаспората – прикаските кои ви ги раскажуваат ко ќе дојдат летно време се напумпани
Следна статијаЕлиф Елмас: Вие не сте свесни каква величина е Бате Горан во Италија