(ВИДЕО) „Пази претседниче, могу да пукну хлаче“ – со овие зборови Мате Римац го седна Пендаровски во својот болид

0

Првиот хрватски сериски автомобил, кој досега беше познат како концепт два или C_Two, го доби името невера, по неочекуваната и силна медитеранска бура на Јадранското Море.

Римац за својот електричен хиперспортски автомобил досега користеше ознака, бидејќи стануваше збор за прототип, а моделот сега доби име под кое ќе се продава низ светот.

Римац моделот за првпат го прикажа во Женева во 2018 година. Две години подоцна хрватскиот произведувач планираше да ја претстави сериската верзија, но во тоа го спречи пандемијата која доведе до откажување на автомобилскиот саем во Женева во 2020.

Во последната година Римац аутомобили ја заврши светската хомологација на своето возило. Во процесот „исчукаа“ неколку примероци за да се провери неговата безбедност и за да ги добијат сите потребни дозволи за автомобилот да може да се регистрира и безбедно да се вози низ светот.

Римац невера ќе чини од 2 милиони евра, а планирани се само 150 примероци. Автомобилот има дури 1.914 коњски сили и вртежен момент од 2.360 њутнметри, развива максимални 412 км/ч и до 100 км/ч забрзува за фантастични 1,85 секунди.

До 200 стигнува за само 4,3 секунди, додека за брзина од 300 км/ч му се доволни 9,3 секунди.

Мате Римац се потруди од својот автомобил да направи вистински хрватски производ. Во автомобилската индустрија е речиси невозможно (читај неисплатливо) една фирма да ги произведе сите делови за возилата, но затоа има кооперанти, а на Римац сите му се хрватски компании.

Компанијата Римац аутомобили планира својот прв сериски автомобил да го произведува во фабриката во Света Недеља. Пред таа да биде целосно готова, ќе користи две локации на западот на Загреб.

Претседателот Стево Пендаровски при вчерашната посета на Загреб се запозна со хрватскиот Илон Маск, иноваторот и основач на Римац Автомобили, Мате Римац.

Тој објави видео како влегува да „сврти круг“ со најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон, моделот Невера.

-Му посакувам деловен успех со најновата аквизиција на еден од најпознатите светски брендови, напиша Пендаровски на Фејсбук.

По вечерата која беше приредена од страна на домаќинот, претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот Стево Пендаровски се согласи да седне со Мате Римац и да свртат еден круг.

Мате Римац му ја отвори вратата на Претседателот и му рече: „Овде нема шта да пукне, једино можда хлаче“, се пошегува иноваторот, алудирејќи на пантолоните, бидејќи се работи за спортски автомобил, во кој е проблематично да се влезе.

Погледнете го видеото:

Претходна статијаБранко Миле паника во скопска кафана: Дечко, ај те молам смени го виново
Следна статијаТурунџиева во тандем со Цули Софијанова, направија убава работа (ФОТО)