Вие ни завидувате, но знаете ли дека првата година во Швајцарија спиев како куче

0

Аналитичар од Србија, кој неодамна гостуваше во емисија кај нашиот новинар Васко Ефтов, изјави дека познава многу негови пријатели, кои на прашањето, зошто одлучиле да се иселат од Србија, одговориле:

„Не можев веќе да ја поднесам ситуацијата на несигурност во општеството, несигурност на работното место, бизнисот, на секој чекор“

Добро ситуирани луѓе, со средства за егзистенција, со кров над глава, решаваат да си одат, Тоа не се случува само во Србија, туку и во Бугарија, Романија, речиси сите земји од источниот блок, а исклучок не е ниту Македонија, напротив.

„Во Скопје поседувам стан и куќа. Пристојно заработував, имав приватна фирма, сопругата работеше во државно. Но, одлучив да си одам во Америка. Многупати седнувам и се прашувам, што ми требаше ова?

Но потоа ги анализирам обичните работи во Македонија и овде во Америка. Значи од отворање бизнис, до административни процедури, пречки при реализацијата на идејата, па се до најибични работи како одење во продавница, хигиена, култура во однесувањето.

Кога сето ова ќе го ставам на кантар, веднаш ми поминува носталгијата и желбата да се вратам. Па видете што се случува при пандемијава која ги зафати речиси сите земји во светот.

Видете како се однесуваат луѓето кај нас. Која е таа неодговорност. Која е неодговорноста и на луѓето кои се задолжени да носат мерки. Овде е сè поинаку“, вели нашинец кој живее во Америка.

Кај Македонците кои се останати во татковината, многу често можат да се прочитаат негативни коментари кон оние кои заминале низ Европа, Америка, Австралија. Многумина тоа го толкуваат како завист. Тоа во никој случај не смее да биде така. Зошто? Затоа што нашите кои заминуваат од татковината, во новата држава почнуваат од нула.

Од лажица и виљушка. Немаат ништо таму. Немаат дом, дури на почеток не ни можат да изнајмат, бидејќи во Америка на пример, рентерите бараат да имаш редовни приходи наназад неколку месеци, за да ти издадат стан, бидејќи не се сигурни дека можеш да платиш.

А од каде да имаш редовни примања, кога тукушто си пристигнал во нивната држава. Слично е и во земјите од европската унија, па и Австралија.

Нашинците се приморани да одат кај свои роднини, пријатели, доколку ги имаат, да спијат во една соба повеќе луѓе, да поминуваат низ најтешкиот период од нивниот живот, да спијат на душеци кои ги купуваат во маркетите за 30 евра или долари.

Таков пример забележавме во групата на социјалните мрежи „Македонци во Швајцарија“, каде беше објавена фотографија на која се гледаа мизерните услови во кои престојуваат луѓето од балканските простори..

Нашинецот во коментар напишал дека вака било првата година, но дека сега е се во ред, се снашол, има пристојна работа и услови за живот. Но ова е нешто што речиси сите го поминуваат.

-Ни завидувате нам што сме отишле во дијаспората, но дали знаете колку е тешко да се снајдеш? Дали знаете дека првата година спиев како куче во соба со уште тројца други, во субстандардни услови.

Да, ова е една од набогатите држави во светот, Швајцарија. Но никој таму кога ќе отидете не ве пречекува со мед и млеко. Треба да се изборите за да станете човек. Многумина и не успеваат, но се обидуваат.

Секоја чест за таквите, а голем срам за оние кои преку коментари на социјалните мрежи ги омаловажуваат, а самите тие се неспособни „слабаци“, кои на свои 30 или 40 години, живеат од пензиите на своите родители и не успеале да направат 5 евра во животот.

Почит и разбирање за нашата дијаспора, која и од таму каде што е, се интересира за судбината на Македонија, за актуелните политики, проблеми.

Тие живает во странство, но секако, ИМААТ право да се интересираат и да носат одлука за татковината и никој нема право да ги осудува поради нивниот избор да се обидат да живеат подобар живот, со многу, многу труд и пот притоа.

П.П. Фото: Илустрација 

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаСузана Манчиќ раскажа за непријатна случка што ја имала со обожавател, и многу ја исплашила
Следна статијаОва веќе не се издржува – со кого да направиш муабет или е позитивен или во изолација