Д-р Пановски: Никаде не сум изјавил дека треба да се испитуваат антитела

0

Изминатите денови, во медиумите се појавија резултати од истражувања во Србија за ефиканоста на „Синофарм“. Тука беа цитирани истражувањата на Институтот за медицински истражувања во Белград, кои покажале дека 20 отсто од ревакцинираните со кинеската вакцина не развиле антитела на корона.

Според Институтот тоа биле претежно граѓани над 70-годишна возраст кои се во најризичната карегорија.

Микробиологот, проф. д-р Никола Пановски смирува, овие бројки се совпаѓаат со податоците на производителот дека кинеската вакцина создава заштита кај близу 80 проценти од имунизираните.

Тој во изјава за Алфа ТВ пред два дена, смета дека граѓаните кои по примена втора доза од кинескиот производител „Синофарм“ нема да развијат антитела би требало да примат и трета вакцина, но од различен производител“.

Сепак доктор Пановски апелира вакцинираните да не брзаат со проверка на нивото на антитела, бидејќи на оваа вакцина и било потребно подолго од два месеци за да содаде одбранбен механизам.

„Логично е ако не развиле од две дози, нема да развијат ни од трета доза. Зошто да не се даде некоја поефикасна вакцина кога ќе биде достапна на пазарот?

Се разбира, кај нас кога би имало достапност би ги давале оние вакцини што имаат повисок степен на ефикасност и се надевам дека во иднина ќе биде така. Значи ревакцината може да биде со друга вакцина“, вели микробиологот, професор Никола Пановски.

Сепак, тој во своето излагање напомена дека треба да се почека да помине периодот кој го напоменал производителот, па тогаш да се оценува ефикасноста на вакцината.

Тој вчера во групата „Ковид искуства и совети“, доби повторно прашање со изместен контекст, па повторно децидно одговори:

„Почитуван Nikola Panovski, ја читав вашата изјава дека после примена втора доза од Синофарм треба да се испитаат антитела. Дали тоа значи дека ние што ја примивме не сме никако заштитени доколку немаме антитела? Поздрав!“

-Не сум изјавил дека треба да се испитуваат антитела. Напротив, не треба ни крвни слики, ни д димери, ни антитела. Се е тоа на трошок на граѓаните. Важно е што повеќе лица да се вакцинираат, да нема вирусот каде да се шири.

Ако од 100 лица 80 се имуни, тие ги штитат и оние 20. Ако нема антитела можеби има клеточен имунитет, напиша професорот Никола Пановски.

Овие негови зборови се во корелација со препораките и од развиените земји, каде никој не препорачува проверка на антитела, нешто што кај нас стана некаква пракса.

Претходна статијаАнастасија ѝ го украде имиџот на Тања Савиќ, снаата Богдана ја пофали (ФОТО)
Следна статијаНина Деан прозборе како живеат Кили и Гордана во Еквадор откако не им работи хостелот, за мајчинството и за семејството