Нина Деан прозборе како живеат Кили и Гордана во Еквадор откако не им работи хостелот, за мајчинството и за семејството

0

На 30 април во 2020 година, се породи актерката Нина Деан, ќерка на Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на познатиот актер Кирил Поп-Христов Кили. Нина го роди Каи, а за убавата вест на Фејсбук прва се пофали среќната баба Гордана, која со Кили живее на Еквадор.

-Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи“, напиша Гордана, која поради пандемијата се уште го нема видено својот помал внук.

-Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја филозофија. Среќата не’ одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото – изјави Нина Деан претходно.

Познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова, во неполна година вторпат стана баба. Нејзината помлада ќерка од бракот со актерот Кирил Поп Христов се породи во јуни годинава. Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Јована роди машко дете, кое на желба на родителите се вика Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, основач на балетското студио „Ребис“.

Нина во една прилика во Женски магазин раскажа што значи името Каи:
„Каи значи повеќе нешта на повеќе јазици. На хавајски значи океан, на кинески има повеќе значења, а најмногу означува победа, на турски значи силен. Универзално име е, во некои земји е и женско.

Инаку таа веќе години се нема видено со мајка и. На 20 април минатата година требало Гордана да дојде овде и да и помага околу грижата за бебето, вирусот им ги расипал плановите. Нина Деан доби понуда за брак во карантин, и кажа „да“ во осмиот месец од бременоста.

Познатата глумица за порталот Мајка и дете зборуваше за своето мајчинско искуство и за тоа како живеат нејзината мајка, очувот кој го сака као татко и сестра ѝ во Еквадор. Таа ја раскажа и целата историја на нејзината љубов со Мартин.

-Мартин ми беше прва љубов од 8 одделение и прва средно, си бевме прва сериозна врска еден на друг, но откако се разделивме, освен еднаш, и тоа одамна, на почетокот од факултет, се немавме видено 15 години.

Како да не живеевме во ист град, јас свој живот, он свој, во сосема друга бранша (Мартин работи статика на згради), но откако се сретнавме повторно, се погоди да се најдеме во вистински момент, брзо си се вклопивме во животите еден на друг. Никогаш не би помислила дека може ова да се случи, ама изгледа навистина е точно она дека првата љубов не се заборава“, рече Нина.

-Првите два месеци беа тешки, Каи се будеше често, тој постојано беше со мене и не се мрднав од соба два месеци. Имав мала блага депр-есија, па ми доаѓаше да се расплачам, за потоа да имам грижа на совест зошто плачам кога треба да сум среќна, ама брзо ми помина.

Родителите на Мартин доаѓаа повремено, но не се гледавме со никој друг. Тогаш имаше и полициски час веќе од 16 часот и за викенди, па постојано бевме дома. Со Мартин се организиравме одлично“, откри актерката.

-Мартин е многу добар татко. Тој веќе има искуство затоа што стана татко по вторпат, има петгодишен син од првиот брак, па направи да ми биде полесно и мене.

Неговиот син се вика Матеј и со Каи се засакаа од прв момент, братчиња, се вљубија еден во друг. Каи секогаш кога ќе го види Матеј се радува, се смее, а Матеј е многу нежен со него“, рече таа.

-Со мајка ми бевме многу блиски и многу ми недостасува, а најтешко ми е затоа што не беше тука во најголемите моменти од мојот живот, ама се надевам дека наскоро ќе можеме да се видиме.

Откако заминаа на Еквадор таа и сестра ми воопшто се немаат вратено во Скопје. Се наоѓаат буквално на крајот од светот и патувањето не е толку едноставно.

Кога јас одев таму првиот пат патував три дена, со преспивање во Милано и на аеродроми, а следниот пат веќе најдов подобра конекција па стигнав за 24 часа.

Селцето каде што живеат е преубаво, а хостелот што го држат е покрај океан. Нема загадувачи, нема многу сообраќај, нема многу луѓе, тоа е повеќе семејно место за одмор, и едноставно нема од што да се разболи човек.

Мајка ми, иако првичниот план беше да живеат од приходите на хостелот што го отворија и да уживаат, издржа да не го работи тоа што го сака само една година и потоа почна да работи како балетски инструктор во едно одлично балетско училиште во Куенка, тоа е голем град и таму е град на културата.

Супер ѝ одеше, ама почна пандемијата и сега не работи, а не работи ниту хостелот бидејќи поради ситуацијата сè уште нема туристи“, рече Нина.

Потоа прозборе за загубата на својот татко, првиот сопруг на Гордана Поп Христова, и за за својот очув Кили, со кого секогаш имала убав однос.

-Јас и мојата маќеа сме сè уште во постојан контакт иако татко ми поч-ина пред неколку години. А кога бев мала, татко ми со неа доаѓаше кај нас, а Кили (Кирил Поп Христов) и мајка ми (Гордана Деан Поп Христова) одеа таму. Секогаш имале убава дружба и тоа ми помагало полесно да го поминам разводот“, рече Нина.

Пред да се породи, мајка ѝ купила билет за Скопје и требала да дојде за да биде со неа, ама почнала короната, картата ѝ пропадна и пропаднало и видувањето. Сега следна идеја е да одат тројцата, таа, Мартин и Каи таму за Нова година.

Со нејзината сестра Јоана, која е 7 години помлада од неа, иако пред да замине за Еквадор, поради разликата во годините, не се дружеле многу, сега често се слушаат и си разменуваат искуства со децата.

-Нејзиното синче Круз, ќе полни сега две години и веќе знае кој е кој, па кога ќе нè види на камера си мавтаме, си зборуваме на некоја шпанско-македонска мешавина“, рече за сестра си Нина.

Заради пандемијата Нина морала да ја затвори едната локација на која функционирало балетското студио „Ребис“ , работата што ја презема откако мајка ѝ се пресели, одлично ѝ одело сè до почетокот на пандемијата.

„Се надевам од септември ќе биде подобро и ќе можеме нормално да функционираме и во театарот и со ’Ребис‘, рекла актерката во „Мајка и дете“.

Претходна статијаД-р Пановски: Никаде не сум изјавил дека треба да се испитуваат антитела
Следна статијаНа овој ден пред 8 години, стоев на врвот за Македонија – Илина Арсова се присети на вaжен спомен