Катарина Ивановска cи ја запеа „Бивши драги“ откако раскина со Перо Антиќ- главна на журка во Скопје (ВИДЕО)

0

Топ-моделот со светска кариера Катарина Ивановска која светските писти ги замени со реклами за домашни брендови и му се посвети на семејството повторно е во фокусот на јавноста со својот приватен живот.

По многу шпекулации и мистерии, за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ минатата година потврди дека е во врска со кошаркарот Перо Антиќ, актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

На прашањето дали има нешто меѓу нив, таа само одговори кратко: „Среќни сме заедно“.

По се изгледа толку беше од големата љубовна романса помеѓу поранешниот кошаркар и актуелен претседател на КФМ – Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска.

Барем така веќе некое време се зборува низ градските кулоари, а ако судиме по нивните профили на Инстаграм, парот дефинитивно не е повеќе заедно.

Имено, ако влезете на профилот на Перо на Инстаграм, ќе забележите дека тој не ја „следи“ повеќе Катарина, а истото ќе го видите ако влезете и на нејзиниот профил. Ниту Ивановска не го „следи“ Антиќ на Инстаграм“, објави неодамна Убавина и здравје.

-Кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба. Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап.

Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба. Тоа би бил комплетниот одговор.

– Модната индустрија е мултибилионски бизнис и природно е фотомоделите и манекенките што го жртвуваат најкревкиот дел од својата младост да бидат платени добро.

Но, притоа мора да знаете дека со тие хонорари самите си ги плаќате трошоците за кирии, авионски карти и слично, бидејќи ова е бизнис во кој од вас се бара да живеете во некој моден светски центар. За мене тоа беше Њујорк.

– Модниот бизнис одамна не е во својата декадентна гламурозна форма.

Тоа е сериозен бизнис, кој не толерира декаденција со која ќе се наруши одговорноста на манекенот, а особено не угледот на агенцијата.

Живееме во свет каде што нема мистика околу некоја професија и денес, со што сѐ се соочува еден модел, се разговара јавно, а агенциите и модниот печат стимулираат таков дијалог.

Јас имав среќа да работам со врвни модни фотографи, чиј талент оставил безвременски печат. Восхитувачки е да се биде дел од една модна фантазија пренесена низ модна фотографија.

Не знам, можеби поради мојот став, кон мене никој не си дозволил да биде непристоен.

Јас не делувам ниту наивно ниту кревко за да може некој да си дозволи да ми понуди непристоен предлог“, кажала Катарина за Слободен печат во една прилика.

А, Катарина, откако раскина со Перо Антиќ, си ја испеала песната „Бивши драги“ која ја пее Александра Радовиќ.

Катарина била на жирка во Скопје кај оваа пејачка, и била главна таму.

-Мој бивши драги, вече не ете сакам, кога ќе слушнам за тебе, веќе ништо не ме боли- а ова се стиховите на песната која Катарина ја објавила на Инста.

Исто така, ако влезете на Инста профилот на Александра Радовиќ, може да се забележи дека Катарина игра и пее во првите редови.

Претходна статијаДецата ја заборавија, од Австралија не дојдоа да ја видат мајка си 11 години- оваа старица пак сама ќе го помине Велигден
Следна статијаСи ја нареди во животот, еве на која егзотична деcтинација ужива Тијана (ФОТО)